ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Дури и кратка изложеност на загаденост влијае лошо на вниманието, расудувањето и однесувањето

February 10, 2025 16:27
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Загадувањето на воздухот, т.e. дури и кратко изложување на загаденост, го намалува вниманието и лошо влијае на способноста за расудување.

Имено, како што пишува „Гардијан“ (The Guardian), способноста на човекот да се сосредоточи на секојдневните задачи е повлијаено и од најкуса изложеност на загаден воздух, покажа истражувањето спроведено во Велика Британија. Истражувањето, објавено во списанието „Нејчр комјуникејшнс“ (Nature Communications), покажа дека изложеноста на високо ниво на ПМ-честички влијае на селективното внимание и препознавањето на емоциите кај испитаниците – без разлика дали дишат нормално со нос или преку устата. Ова може да влијае на способноста на поединецот да се концентрира на задачите, да избегнува одвлекување на вниманието, па и да се однесува општествено прифатливо.

– Учесниците (во испитувањата, з.п.) изложени на загаден воздух не покажаа добри резултати кога им беше привлечено вниманието. Тоа значи дека можеби ќе бидете расеан во секојдневниот живот. Купувањето во супермаркет е добар пример… Може да значи дека ќе бидете повеќе склони кон импулсни купувања додека шетате низ продавницата, бидејќи не можете да се фокусирате на Вашите цели, објасни д-р Томас Фајерти од Универзитетот во Бирмингем, еден од испитувачите.

Научниците ги анализирале податоците од когнитивни тестови кои 26 учесници ги завршиле пред и откако биле изложени на високи нивоа на ПМ-честички, користејќи чад од свеќа и чист воздух, со изложеност во траење од еден час.

Загаденоста на воздухот е еден од најголемите фактори на ризик за јавното здравје во светот. Светската здравствена организација проценува дека загадувањето на воздухот на отворено предизвикува околу 4,2 милиони предвремени смртни случаи во светот годишно.

Испитувањето, исто така, покажа дека учесниците имале полоши резултати и во препознавањето на емоциите по изложеноста на ПМ-честици.

– Тие полошо препознаваат лице, во смисла – дали е исплашено или среќно, а тоа може да има последици за тоа како се однесуваме со другите луѓе, рече Фајерти.

На тој начин, некои истражувања го поврзуваат загадувањето на воздухот со насилниот криминал, особено во градовите во САД. Од друга страна, пак, работната меморија на испитаниците не била засегната, што посочува дека некои функции на мозокот се поотпорни на краткорочна изложеност на загадување.

Истражувачите велат дека наоди би можеле да се искористат во значителни социјално-економски области, како и околу образованието и продуктивноста на работа.

– Истражувањето беше спроведено кај клинички здраво возрасно население, што значи дека испитаниците беа во добра здравствена состојба и немаа клинички респираторни или невролошки проблеми… Инаку, одредени други групи може да бидат поподложни на овие влијанија, додаде Фајерти.

Студијата е дел од обликувањето на идните политики и мерки за јавно здравје.

– Поголемиот проект ги проучува различните извори на загадување коишто се сѐ почести… Како што се испуштањата од апаратите за готвење, согорувањето дрва, издувните гасови од автомобилите и производите за чистење, за да видиме дали можеме да ја насочиме политиката во одредена насока. Ако знаеме дека производите за чистење ги предизвикуваат повеќето од проблемите што ги опишувам, тогаш можеме да влијаеме на политиките, појасни Фаерти.

Целта, се вели, е да се поправи работите што се погрешни во основа, наместо само да се мери што има во воздухот откако тој е загаден.

Tags: загаден воздух
Next Post

Февруари не е најпопуларен месец за запросувања

Shortcut

Најново

Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

November 28, 2026

Човечки мозочни клетки одгледани во лабораторија: Нова надеж за истражување на мозокот

November 28, 2026
Африм Гаши

Африм Гаши повикан на одговорност за блокираните законски измени за заштита на жените

November 27, 2026
Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk