Градскиот трговски центар денеска од 8 часот, според најавите, ќе остане без вода. Причина за прекинот е дефект на улицата „Филип Втори“ пред Градскиот трговски центар.
Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираа дека прекинот ќе трае до санирање на дефектот.
Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците во општините Центар и Аеродром.
Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија, информира дека од 10 до 12 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Преспанска“ во населбата Маџармаало во општина Центар, а од 08 до 15:30 часот, дел од корисниците од улицата „Мите Богоевски број 2, 6, 3 и 4 во општина Аеродром. Од 06:30 до 19 часот без електрична енергија ќе бидат и корисниците од улицата 1627, во околина на црквата „Св. Петар и Павле“, Колдакопласт, Биолаб во општина Аеродром.