ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕУ внимателно го следи случајот со истрагата и апсењето на градоначалникот на Тирана, соопшти портпарол на Еврокомисијата

February 13, 2025 15:48
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, РЕГИОН

Европската Унија внимателно ги следи најновите случувања поврзани со истрагата и апсењето на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, изјави портпарол на Европската комисија (ЕК), пренесува „Евроњуз Албанија“.

ЕК не сакаше да коментира за тековните судски постапки, но нагласи дека останува „максимално посветена на поддршката на реформските напори на Албанија“ и на зајакнувањето на ефикасноста, независноста и отчетноста на нејзините институции, во согласност со стандардите на ЕУ.

– Реформата во правосудниот сектор и зајакнувањето на владеењето на правото во Албанија се клучни елементи во процесот на пристапување во ЕУ, изјави портпаролот.

Велиај беше уапсен на 10 февруари под обвинение за пасивна корупција и перење пари, согласно истрагата на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК). Специјализираниот суд за корупција и организиран криминал на Албанија (ЃККО) му одреди мерка „притвор“, како и „куќен притвор“ за неговата сопруга Ајола Ѕоѕа.

Албанскиот премиер, Еди Рама, кој важи за политички сојузник на Велиај, реагираше по апсењето, нагласувајќи дека „тој е осомничен, но не и обвинет“ бидејќи, според него, нема доволно докази за подигање обвинение.

Во истрагата се опфатени уште пет бизнисмени, од кои еден доби мерка „притвор“, а четворица „обврска за јавување двапати месечно“.

Tags: апсењеградоначалникЕУТирана
Next Post
Скриншот

„Супербоул“ со рекордна гледаност во САД

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk