ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Владата се попишмани, не ја донесе одлуката за ограничување на маржите, СДСМ објави пакет решенија

February 14, 2025 09:08
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: Фронтлајн

Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Владата вчера не ја донесе одлуката за 10-процентно ограничување на маржите во трговијата на мало и големо што требаше да важи до 30 април и да опфати над 100 групи производи откако Стопанската комора на трговци на големо и мало вчера побара итна средба во врска со одлуката за ограничување на маржите.

Предлог-одлуката подготвена од Министерството за економија, според најавите, требаше вчера да биде разгледана на итна седница. По порастот на цените на основните прехранбени производи и граѓанските бојкоти, Владата во вторникот го задолжи Министерството за економија и труд да донесе одлука до 10-процентно ограничување на маржата во трговија на мало и 10 проценти на трговија на големо на основните прехранбени производи на истите 73 групи на производи кои беа во претходните кошници, но да се дополни со средства за хигиена како што се детергентите, како и со бебешката храна и други непрехранбени производи кај кои е забележана многу висока маржа, а се дел од основните потреби на граѓаните.

Најавите дека ќе се донесе ваква одлука се темелеа на извештајот од Државниот пазарен инспекторат, според кој кај трговците на мало е утврдено дека има над 20 отсто маржа на основните прехранбени производи и над 30 отсто маржа кај средствата за лична хигиена, додека кај увозниците и дистрибутерите се евидентирани повисоки маржи кои одат дури и до 50 отсто. До вчера требаше да се изврши и контрола кај производители на млеко, месо, млечни и месни производи.

Маркетите велат дека ограничените маржи ќе го доведе во прашање опстанокот на трговците и најавуваат отпуштање на вработени 

Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалаци и тутун, основана на 10 февруари годинава вчера побара итна средба со Владата во врска со одлуката за ограничување на маржите. Според нив, одлуката ќе го доведе во прашање опстанокот на трговците и тие ќе бидат принудени да ги отпуштаат вработените, но и да ги затвораат маркетите. Штетите, според Комората, ќе бидат големи, бидејќи во прашање се доведува опстојувањето на 86 трговски фирми со 790 продавници и 4 700 вработени.

– Во целост ја оспоруваме одлуката за ограничување на маржите на 10 проценти. Со ваква маржа нема да можеме да опстоиме. Ќе мора да донесуваме рестриктивни одлуки за отпуштање на нашите вработени, за реструктурирање на работењето и за затворање на маркетите. Затоа, бараме итно да се најде заедничко решение. Посочуваме да се земат предвид анализите кои покажаа дека маркетите не се одговорни за зголемувањето на цените, туку ценовната политика ја водат доставувачите и производителите. Потенцираме дека никогаш не ги зголемуваме цените самостојно, туку промената се случува поради промените на цените на производителите или доставувачите и токму поради ова маркетите се под постојан притисок да се прифатат новите ценовници. Ако тоа не се направи, не се испорачуваат производите. Од ова произлегува притисокот врз маркетите и од потрошувачите или за цените или за недостигот на производи. Само во јануари до маркетите се пристигнати ценовници од над 40 доставувачи и производители во 92 категории и поткатегории производи. Профитната маржа кај маркетите од година во година опаѓа, а кај нив се зголемува, наведе Комората.

Од Комората укажаа дека во формирањето на цените досега не се мешала ниту една Влада.

– Имаме пазарна економија и цените се формираат во зависност од понудата и побарувачката, ако има зголемена понуда, цените сами се намалуваат, без да интервенира Владата, а за да се зголеми понудата, треба да се зголеми производството. Бараме да се најде разумно решение, да се создаде хармонија помеѓу сите чинители, со цел да функционира целиот систем и да работиме успешно сите, како вистински деловни партнери, посочија вчера од Комората.

Филипче вчера објави пакет решенија – Седум економски мерки на СДСМ за спас на животниот стандард на граѓаните

Во време кога животниот стандард на граѓаните е загрозен поради погрешните економски политики на Владата, СДСМ како одговорна опозиција подготви и ќе предложи сеопфатна економска стратегија, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешниот брифинг со претставниците на медиумите.

Сетот на мерки како што кажа Филипче се преточени во закони, кои ќе имаат силен и брз ефект врз стандардот на граѓаните и ќе бидат делуваат како силна финансиска инекција, при што ќе го стопираат економскиот пад кој се случува.

Претседателот Филипче најави седум мерки, на коишто работи пратеничката група на СДСМ, и за кои се формализираат предлозите за мерките каде што треба да се интервенира со закон.

„Тоа се мерки коишто значајно ќе го олеснат животот на граѓаните, едноставно полесно ќе се справуваат со ценовните шокови. Првата мерка е намалување на ДДВ на електрична енергија од 18% на 5%. Тоа е намалување од најмалку 13% на сметките за струја. Односно за сметка од 3000 денари, намалувањето ќе биде околу 400 денари. Сметам дека е нешто што е значително олеснување за граѓаните. Потоа, намалување на ДДВ за основните прехранбени производи. Оваа мерка, во комбинација со дополнителните политики за замрзнување на маржите и цените, може да резултира со намалување на цените на овие производи дури и до 30%. Замрзнување на цените на основните прехранбени производи за следните три месеци. Ние ваква мерка пред околу две и пол години веќе имплементиравме, кога се замрзна цената на лебот на одреден период“, рече Филипче.

Во рамки на сетот мерки е и мерката за фиксирање на маржите за основните прехранбени производи, со што ќе се елиминира ризикот од манипулации и прекумерно зголемување на цените од страна на трговците. Исто така, СДСМ бара итно спроведување на Законот за нефер трговски практики, кој е клучен за заштита на потрошувачите од манипулации и нефер практики на пазарот. Овој закон беше донесен од Владата СДСМ, а ВМРО-ДПМНЕ не го спроведува. Филипче потенцираше дека целиот овој пакет на мерки, може сериозно да придонесе до намалување на цените на прехранбените производи.

„Предлагаме и намалување на цената на „зелениот картон“ за автомобили. Семејствата и малите бизниси кои зависат од транспортот, со ова директно добиваат намалување на трошоците. Фискален ефект ќе изнесува меѓу 9 и 11 милиони евра годишно пари назад кај граѓаните“, рече Филипче.

Во насока на подобрување на животниот стандард, СДСМ како што рече Филипче предлага мерка за зголемување на платите во приватниот сектор.

„Предлагаме зголемување на платите во приватниот сектор со замрзнување на придонесите. Во следниот период во приватниот сектор со цел да има зголемување на платите треба на компаниите да им се олесни системот и да не плаќаат дополнителна одредена сума за придонеси, значи да остане замрзната на онаа плата којашто е сега, а сето останато зголемување кое може да биде од 3.000 до 15.000 денари да оди директно кај работниците, при тоа работодавачите да не плаќаат придонеси на таа дополнителна сума на средства“ рече Филипче, додавајќи дека со овие мерки, СДСМ нуди реални и издржани решенија за економските предизвици со кои се соочуваат граѓаните.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Владаекономски меркиСДСМ

НАЈНОВО

Фото: ВИ

Трамп потпиша наредба со која им се забранува влез во САД на граѓани од 12 земји

June 5, 2025

Без вода скопските улици „Борка Талевски“, „Никола Тримпаре“ и „Дебарца“

June 5, 2025

Седум милиони евра од Европската унија за еколошки проекти во Преспа

June 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Новакоски за Фронтлајн: Ако се определат за една ИЕ, треба да постои и праг кој би бил разумен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последниот бисер на Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинеската не толку „мека моќ“: Тивкиот партнер во војната на Путин

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јовановиќ: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Четвртата економија“ во ЕУ не се замара колку чини четврт бурек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk