Шерил Кроу 63-годишната добитничка на Греми, на Инстаграм објави дека го продава својот автомобил Tesla и ги донира приходите на NPR. Нејзината одлука доаѓа како одговор на притисокот на извршниот директор на Tesla, Илон Маск за владина ефикасност преку неговиот неофицијален Оддел за владина ефикасност (DOGE), кој има за цел да ги намали федералните програми.
„Моите родители секогаш велеа… ти си тој со кој се дружиш. Доаѓа момент кога треба да одлучите со кого сте спремни да се поврзете. Збогум Тесла“, напиша Кроу на видеото на кое таа весело мавтајќи се збогува со нејзината Тесла.
View this post on Instagram
„Парите се донирани на @npr, кој е под закана од претседателот Маск, со надеж дека вистината ќе продолжи да го наоѓа својот пат до оние кои сакаат да ја дознаат вистината. #PresidentMusk #PresidentTrump #Call1-202-224-3141 #ProtectTheConstitution“, пишува Кроу.
Ј. Ѓ.