ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Загриженост како „игра“ за забавување на евроинтеграцискиот процес!

February 17, 2025 11:56
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

И покрај тоа што деблокирањето на евроинтегративниот процес на земјава е во рацете на парламентарното мнозинство, со одобрување на неопходните уставни измени, како услов на Европската унија, премиерот Христијан Мицкоски вели дека Брисел применува двојни стандарди во однос на интегративните процеси.

Премиерот оценува дека патот кон ЕУ изгледа многу покомплексен, а заедно со премиерот на Албанија, Еди Рама, на панелот „Проширување на ЕУ“ во Минхен, Германија, изразија загриженост за предизвиците, пречките и стагнацијата во членството на двете земји во големото европско семејство.

– За нас одлуките засновани на заслуги се како од бајка. Ние сме дел од Европа и сакаме да ги имплементираме европските вредности. Но, она што се случува е нешто сосема друго. Ние сме жртви на билатерализмот или, поточно, нашето патување кон вас е многу покомплексно. Сведоци сме на она што можеме да го наречеме „балканизација на Европа“, наместо „европеизација на Балканот“. Некои балкански земји-членки ги донесоа балканските проблеми и вредности во Брисел, наместо да се случи спротивното, рече Мицкоски.

Премиерот на Албанија, Рама, апелирајќи за забрзување на интегративниот процес на Албанија кон ЕУ, рече дека кога почнал овој процес „тој имал црна коса“.

„Кога го започнавме овој процес косата ми беше целосно црна, брадата погуста. Мислам дека ЕУ треба да размисли за тоа што се случува. Се смени, почнувајќи од пристапот кон нас и во однос на брзината на процесите за Западен Балкан, но тоа што се случува ни покажува дека промените се случуваат многу бавно….“

Од друга страна, еврокомесарката за проширување Марта Кос изрази разбирање и за Мицкоски и за Рама. Таа рече дека за време на нејзиниот мандат ќе направи напори двете земји да го завршат евроинтегративниот процес.

– Никогаш не е добро кога билатералните прашања го попречуваат процесот, но тоа се случува постојано. Ја разбирам фрустрацијата… За време на мојот мандат ќе ги одведеме двете земји до крај на процесот за членство и ќе го затвориме преговарачкиот процес за Западен Балкан, бидејќи е многу полесно да се стане членка на НАТО отколку на ЕУ… Од друга страна, во Украина имаме спротивна ситуација. Во овој дел од ЕУ е поинаку, рече Кос.

Во меѓувреме, бугарскиот претседател Румен Радев уште еднаш го повтори ставот на Бугарија дека неговата земја не прифаќа промени во договорот со Северна Македонија.

Во разговор со претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, на Минхенската безбедносна конференција, Радев истакна дека Северна Македонија мора да го спроведе европскиот консензус од 2022 година и дека Бугарија не поставува нови барања, но во исто време не прифаќа измени на постигнатите договори.

Северна Македонија мора да направи уставни измени за да продолжи напред на патот на европската интеграција. Тие значат додавање на Бугарите и другите народи во Уставот.

Ова доаѓа како резултат на фактот што Северна Македонија по 17 години, на 19 јули 2022 година, ги започна пристапните преговори со ЕУ со одржување на првата меѓувладина конференција, по одобрувањето на францускиот предлог на 16 јули 2022 година. Предлогот тогаш беше изгласан во парламентот без учество на тогашната опозиција, која сега е на власт. За промена на Уставот е потребно двотретинско мнозинство. Преговорите со ЕУ нема да започнат додека не се направат уставни измени.

Дестан Јонузи

 

Tags: ЕУМинхенМицкоскиРама
Next Post
Фото: Скриншот

Гешоска: Културата е политична и критична, но тука како некој да се плаши да ја дефинира така

Најново

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026
Фото: Фејсбук на МВР

МВР: Лажни дојави за бомби во два трговски центри во Скопје

April 19, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски: Според ММФ, Македонија е трета во Европа по преземени мерки против ценовните шокови

April 19, 2026

НАСА во трка со времето: Инженерите се обидуваат да го спасат „Војаџер 1“

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk