Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски беше прашан од новинар на австралиски јавен сервис дали во улога на главен дипломат побарал екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски од Унгарија, кој е обвинет за корупција. Според Муцунски, оваа работа му припаѓа на правосудниот систем, додека политички азил му дала унгарската влада.
– Ова е област под автономија на Министерството за правда и правниот систем на државата. Ова не е одлука што на крајот на денот ја донесе нашата Влада, туку унгарската влада, изјави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.
Политичкиот аналитичар и правник, Ќенан Алиу вели дека процедурите за екстрадиција поради чувствителност на настаните обично се долги и комплицирани, во зависност од судската практика на земјата од која се бара екстрадиција.
– Треба да се напомене дека Никола Груевски од оваа земја, поточно од релевантен орган како што е Државната комисија за антидискриминација, има издадено клучен документ со кој е констатирано дека се врши дискриминација во однос на политичкиот прогон. И овој документ беше основа за добивање азил во Унгарија. Но, не треба да се исклучи неговото пријателство со премиерот на Унгарија Виктор Орбан. Сугерира дека Груевски нема да биде екстрадиран се додека Орбан е на власт. И ако некогаш биде екстрадиран или ако реши сам да се врати во земјава, се подразбира дека во секој момент ќе биде фатен и ќе заврши во затвор за правосилните пресуди. Но конечните пресуди за него се минорни во споредба со она за што можеше да одговара. Затоа, бидејќи тој е осуден во отсуство, дури и да е во затвор кога ќе биде фатен од властите, ќе се бара повторно судење на предметите и ќе трае на неодредено време. Познато е дека круцијалните предмети се веќе застарени со измената и дополнувањето на Кривичниот законик, а се подразбира дека поради изминат подолг период законикот предвидува застарување на предметите, објаснува Алиу за Фронтлајн.
Тој вели дека во светот веќе е познато дека во Македонија, поради застареноста на случајот поради коруптивно политичко мешање, останал несанкциониран мегаскандалот со масовното прислушување.
Долгогодишниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, побегна од Македонија и бара политички азил во Унгарија. Избега од издржување на двегодишната казна затвор, како и од другите судски процеси за криминал за време на неговото владеење.
Дестан Јонузи