ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Економијата продолжува да биде несигурна и под влијание на погрешни политики

February 28, 2025 13:28
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Ниските јавни инвестиции, бавните реформи во продуктивноста, миграцијата и растот на платите без раст на продуктивноста се најголемите внатрешни ризици на Северна Македонија. Ова, меѓу другото, се наведува во последниот Извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Северна Македонија, при што се додава дека инфлацијата повторно е зголемена, достигнувајќи 4,9 отсто во јануари 2025 година – од 2,2 отсто во август минатата година.

– Основната инфлација поттикната од растот на платите стана главна грижа. Инфлацијата повторно се зголеми, достигнувајќи 4,9% во јануари 2025 година од 2,2% во август 2024 година. Ниските јавни инвестиции, стагнантните реформи, како и миграцијата и растот на платите без раст на продуктивноста се исто така ризици, се наведува во извештајот на ММФ, додека надворешните ризици вклучуваат „промени во трговските политики, намален извоз и заострување на финансиските услови, се наведува во извештајот.

ММФ предвидува економскиот раст за оваа година да достигне 3,3% во 2025 година, процент кој може да се намали доколку продолжи трендот на миграција на работна сила.

„Економскиот раст би можел да достигне 3,3% поттикнат од домашната побарувачка, јавните инвестиции (Коридор 8 и 10Д) и растот на реалните плати. Слабата надворешна побарувачка, особено поради структурните промени во европскиот автомобилски сектор, ќе остане предизвик. Долгорочно, високата миграција би можела да го намали потенцијалниот економски раст на 3,0 отсто“.

Во Извештајот се вели проектираниот дефицит од 4% од БДП во Буџетот за 2025 година може да биде надминат доколку приходите од намалувањето на неформалната економија и подобрувањето на наплатата на даноците не ги достигнат целите.

ММФ препорачува избегнување на зголемување на расходите и фокусирање на намалување на субвенциите и даночните расходи.

– Јавниот долг надмина 60% од БДП, надминувајќи ги нивоата пред пандемијата за 14 процентни поени“, се вели во извештајот, и сугерира дека каматните стапки исто така треба да останат непроменети додека инфлацијата одржливо не падне.

Според извештајот политичките стапки треба да останат на чекање, а алатките за ликвидност налагаат дополнително заострување додека инфлацијата не се намалува постојано.

Дестан Јонузи

Tags: БДПБуџет 2025ММФНародна банка
Next Post

Какви овластувања има актуелната косовска Влада?

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk