ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Какви овластувања има актуелната косовска Влада?

February 28, 2025 14:29
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Косово, во моментов, нема ниту влада во извршување на должноста, ниту влада во заминување, туку извршна власт со редовен уставен мандат, велат од Демократскиот институт на Косово (КДИ), тврдејќи дека актуелната влада има целосни овластувања, до моментот кога ќе се потврди резултатот од парламентарните избори на 9 февруари.

Од Групата за правни и политички студии (ГЛПС) имаат различно толкување, во кое  Владата на Албин Курти се смета за влада во заминување, со должности „ограничени на продолжување на работата“.

Виш истражувач во КДИ, за Радио Слободна Европа вели дека законите, како оној за Владата, Регулативата на Собранието на Косово и Уставот на државата, го поврзуваат редовниот владин мандат со законодавниот дом.

Тој потврдува дека актуелната Влада има редовен мандат, бидејќи нема распуштање на Собранието, ниту разрешување на премиерот или негова оставка, за да се исполнат условите предвидени со закон за извршната власт да се ограничи на сегашните овластувања.

Според КДИ, актуелната владата може да ги извршува своите функции и своите овластувања како обична влада, бидејќи законскиот мандат на оваа влада се уште не е истечен. Законскиот мандат на оваа влада е поврзан со ситуацијата кога имаме крај на мандатот на претходниот законодавен дом. Ова е поврзано со потврдувањето на изборниот резултат.

Пребројувањето на редовните гласови е веќе завршено, додека пред заверувањето на резултатите останува пребројувањето на условните гласови, гласовите на лицата со посебни потреби, како и гласовите на дијаспората.

Според прелиминарните резултати, Движењето Ветевендосј победи на изборите со освоени 40,80 отсто од гласовите, резултат што го оневозможува да ја создаде самата Влада. Лидерот на Ветевендосје Курти, вели дека граѓаните очекуваат неговата партија да ги формира новите институции.

Законот јасно ги дефинира овластувањата на Владата воопшто, но и на премиерот, министрите и замениците министри. Тоа опфаќа донесување одлуки за одредени прашања, разрешување и именување функционери, преземање законски иницијативи, но и нивно испраќање до Собранието, како и иницирање меѓународни договори.

Во законодавството на Косово се споменуваат два типа на влади, онаа со редовен уставен мандат и Владата во оставка.

Сепак, термините како Влада во заминување или актуелна влада – кои често се користат во постизборните периоди – не се предвидени во законите на Косово, иако тие се дел од парламентарната практика на различни земји.

Но, како Владата поминува со целосни права на извршна власт во заминување чии овластувања се ограничени?

Тоа не е јасно дефинирано ниту во Законот за Влада, но преминот во Влада во заминување се случува со заверување на изборните резултати, велат од КДИ, поради поврзаноста на мандатот на Владата со тој на Собранието.

Од КДИ посочуваат дека се применуваат ограничувањата предвидени во член 31 од законот, а се однесуваат на Владата во оставка.

Во него се наведува дека Владата нема право да одобрува иницијативи или да потпишува меѓународни договори, за кои е потребна ратификација на Собранието, не може да одобрува закони, стратегии и концептуални документи, ниту да предлага кандидати за одредени функции, ниту да именува луѓе на јавни функции.

Актуелната влада е прва по прогласувањето на независноста на Косово што го заврши својот уставен мандат.

Д. Т. / Цивил Медиа

Next Post

ЕУ за средбата Трамп-Зеленски: Ништо за Украина без Украина

Shortcut

Најново

Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

July 25, 2026
Фото: Скриншот, ведео Јутјуб, Индипендант

Трамп воведе нови царини за над 80 земји

July 24, 2026

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп воведе нови царини за над 80 земји

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk