ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: Проектот на Кушнер на албанската ривиера е „закана“ за италијанската Пулија; Бериша се појави во СПАК; Изброени и поштенските гласови во Косово; 750 косовски Срби ќе бидат употребени за дестабилизација на протестите во Србија

March 3, 2025 13:07
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Албанската влада го одобри проектот на Џаред Кушнер, сопругот на Иванка Трамп и зет на американскиот претседател Доналд Трамп. „Планираната инвестиција од 1,4 милијарди евра во туристичкото место на островот Сазан ги исполнува критериумите утврдени со законската регулатива за стратешки инвестиции, а изградбата, а потоа и заживувањето на овој проект претставува голема загриженост на туристичкиот регион Пулија во Италија, пишуваат албанските медиуми.

Во Центарот за броење и резултати (ЦНР) продолжува процесот на броење на гласачките ливчиња од гласањето по пошта надвор од Косово, а утрово беа пребројани 124 од вкупно 187 гласачки кутии (66,31%) на гласачи од различни општини, пренесоа косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Лапси: Зеленото светло за проектот на зетот на Трамп ја загрижува италијанската  Пулија

Прво воена база за комунистичкиот режим на Енвер Оџа, потоа скапоцено место за Guardia di Finanza и крајбрежната стража во борбата против трговијата со луѓе долж каналот Отранто и на крајот ексклузивна локација избрана од зетот на американскиот претседател Доналд Трамп за нов предлог од неговата инвестициска компанија да го катапултира на пазарот на луксузен туризам.

Сценарио од геополитиката од минатиот милениум, додека сега се оформува многу поинаква иднина за оваа повеќе или помалку ненаселена карпа благодарение на операцијата за недвижнини што ја проектира кон почесно место во каталогот на соништата резервирано за милионери кои летуваат.

Пресвртот дојде пред неколку недели. Албанската влада го одобри проектот на Џаред Кушнер, сопругот на Иванка Трамп и зет на американскиот претседател Доналд Трамп. „Планираната инвестиција од 1,4 милијарди евра во туристичкото место на островот Сазан ги исполнува критериумите утврдени со законската регулатива за стратешки инвестиции“, пишува Тирана во одредбата со која беше дадено зелено светло за функционирањето на фондот „Афинити партнерс“, кој е предодреден да ја промени судбината на островот, се наведува во статија на Лапси.

Албеу: Бериша денеска во СПАК, демократите собирани пред Специјалното обвинителство

Претседателот на Демократската партија Сали Бериша денеска  се појави во Специјалното обвинителство (СПАК), за да ја спроведе безбедносната мерка „обврска за јавување“, одлучи Апелација ЃККО во врска со случајот „Партизани“.

Во меѓувреме, структурите на ПД во Тирана ги известија поддржувачите да се соберат пред Специјалното обвинителство, исто како и во претходните случаи кога Бериша се појави пред СПАК.

Ова нема да биде првпат приврзаниците на првиот демократ Бериша да го поддржат при неговото појавување во обвинителството, бидејќи биле присутни во сите времиња кога поранешниот премиер ги почитувал безбедносните мерки, пренесе Албеу.

КОСОВО

Телеграфи -Поранешен градоначалник на Грачаница: 750 Срби од Косово ќе бидат искористени за заштита на Вучиќ и дестабилизација на протестите во Србија

Српската влада планира во март да донесе неколку стотици Срби од Косово во Белград за да ги искористи како алатка за предизвикување инциденти и уништување на студентските протести, изјави Бранимир Стојановиќ, потпретседател на Српското народно движење (СНП) и поранешен градоначалник на општина Грачаница, пренесе Телеграфи.

„Им треба изговор за репресија. Во ова сценарио, Србите од Косово ќе служат како алатка за предизвикување инциденти на масовни протести и како изговор да ја користат полицијата за да ги задушат студентските демонстрации“, вели Стојановиќ.

Тој додава дека бројките се уште се пресметуваат, но според информациите на СНП, во првиот бран се очекува да пристигнат 750 Срби од Косово во Белград. Според него, само од Грачаница ќе дојдат 100 луѓе.

Во меѓувреме веќе се подготвува логистиката за нивното сместување, вклучувајќи ги и потребните шатори и залихи.

„СНП има сигурни информации дека секој што ќе дојде во Белград е платен од 20 до 50 евра дневно“, посочува Стојановиќ.

Репортери: Преброени се над 66% од поштенските гласови: ВВ прва со 52,72%, ЛДК втора со 29,80%, ПДК трета со 7,98%

Во Центарот за броење и резултати (ЦНР) продолжува процесот на броење на гласачките ливчиња од гласањето по пошта надвор од Косово.

Во понеделникот во раните утрински часови (00:54 часот) беа пребројани 124 од вкупно 187 гласачки кутии (66,31%) на гласачи од различни општини.

Ветевендосје и ЛДК се зголемени во однос на последното ажурирање што беше направено вчера во 15:34 часот, додека ПДК и коалицијата ААК-НИСМА се намалени, пренесе Репортери.

КОЛУМНА

Коха: „Искуството на Косово со барањата на Америка“

„ И раководството на Косово често беше под американски притисок и има искуство што се случува кога слуша и што се случува кога не ги слуша овие барања. Но, за разлика од малтретирањето што претседателот Трамп и неговиот заменик Џеј-Ди Венс го направија на украинскиот лидер, во случајот со Косово, Америка тоа го направи зад затворени врати и го направи заедно со европските сојузници.

Обично има многу состаноци на кои страните се расправаат. Но, обично тепачките се случуваат на состаноци зад затворени врати и пред јавноста се прават дека се е во ред. Овде се случи спротивното. Расправата се случи пред камерите. А, вистина е и дека оние кои помагаат имаат право да имаат барања.

Во Рамбује на косовската делегација за малку ќе и беше ставен ултиматум од Американците. Како што сведочат самите учесници на оваа конференција, им било кажано дека доколку не го прифатат договорот, Америка повеќе нема да се занимава со нив.

И ако Косово го прифати, а Србија не, тогаш ќе има интервенција на НАТО. Уште во преговорите за статусот на Косово им беше кажано дека Пакетот на Ахтисари е единствената можност за постигнување независност. Но Америка го направи тоа заедно со главните европски сојузници. И на косовското раководство не му беше лесно да го прифати тоа, бидејќи ниту Договорот од Рамбује, ниту Пакетот Ахтисари не беа идеални и не беше целосно она што Косово го бараше.“, пишува авторот Аугустин Палокај во опсежната анализа „Искуството на Косово со барањата на Америка“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д. Тахири  / Цивил Медиа

Tags: Албански медиумирегион
Next Post
Скриншот

(ВИДЕО) „No Other Land“, израелско-палестинска соработка, го освои Оскарот за најдобар документарен филм

EVN

НАЈНОВО

Четири медиуми го прекршиле изборниот молк на Повторените локални избори

January 15, 2026
Фото: Геенрирано со ВИ

ЕК: Македонија реализира само шест реформи од Планот за раст на ЕУ – забележан селективен пристап

January 15, 2026
Илустрација ФБ профил А. Жерновски

Нема виза ни за Периметарот

January 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Шпанското обвинителство отвори истрага за обвинувањата против Хулио Иглесијас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бојкотирачите тврдат дека Дацо Белски е претепан во Бугарија, во објавата се „послужиле“ и со текст од FRONTLINE.MK

    5 shares
    Share 5 Tweet 0
  • Режисерот и актер Тимоти Басфилд се предаде на полицијата во Ново Мексико по обвиненија за сексуално злоставување деца

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 14 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија меѓу 75 земји за кои САД ја суспендираат обработката на иселенички визи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk