ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Лех Валенса и 36 полски дисиденти со Отворено писмо до Трамп: Го испрашувате Зеленски како што ние бевме сослушувани од комунистичките судови и полицијата

March 3, 2025 14:28
in ДЕНЕС, СВЕТ
Генерирано со ВИ

Генерирано со ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Некогашниот лидер на отпорот против комунистичкиот режим и поранешен претседател на Полска, Лех Валенса и уште 36 поранешни дисиденти испратија писмо до американскиот претседател Доналд Трамп, во кое наведуваат дека се шокирани од неговото однесување кон украинскиот претседател Володимир Зеленски, бидејќи не се тргува со пролеаната крв на Украинците.

– Исто така, бевме шокирани што атмосферата во Овалната соба личи на онаа што ја паметиме од сослушувањата во Службата за безбедност и судењата пред комунистичките судови. Обвинителите и судиите, по наредба на семоќната тајна полиција, ни рекоа дека тие ги држат сите карти, а ние немаме ништо, се посочува во отвореното писмо до Трамп.

Добитникот на Нобелова награда за мир Валенса и другите дисиденти, меѓу кои и Адам Михњик, Богдан Борусевич и Владислав Фрасњук, истакнуваат дека комунистичките власти барале од нив да ги прекинат активностите со истото образложение на Трамп – дека страдаат невини луѓе.

– Тие ни ја одзедоа слободата и граѓанските права, бидејќи не се согласивме да соработуваме со властите и не им изразивме благодарност, се посочува во отвореното писмо што го објави полскиот весник „Газета Виборча“.

Поранешните полски дисиденти го потсетуваат Трамп дека секогаш кога САД се обидувале да се дистанцираат од Европа и демократските вредности, тоа им се вратило како бумеранг и на крајот САД влегоа и во Првата и во Втората светска војна на страната на Европејците, како и дека големината на претседателот Роналд Реган е во тоа што не се двоумеше да го нарече Советскиот Сојуз империја на злото, против која објави војна и победи.

– Претседателе, материјалната помош – воена и финансиска – не може да биде еквивалент за пролеаната крв за слободата на Украина и на целиот слободен свет. Човечкиот живот нема цена, не може да се мери со пари. Благодарност заслужуваат оние кои крвават за слободата, се наведува во отвореното писмо до Трамп.

Полските дисиденти и поранешните антикомунистички политички затвореници го завршија писмото повикувајќи ги Трамп и неговата администрација конечно да ги натераат САД да ги исполнат своите обврски од Меморандумот потпишан во Будимпешта во 90-тите години од минатиот век, кога САД и гарантираа на Украина дека нејзините граници се неповредливи во замена за Киев да го предаде украинскиот нуклеарен арсенал.

– Овие гаранции во никој случај не се условени, нема ниту еден збор за таквата помош да се третира како трговска размена, се посочува во писмото до Трамп.

Tags: ЗеленскиЛех ВаленсаТрамп
Next Post
Фото: Скриншот

Во филмот „Анора“- освојувач на 5 Оскари, глуми поранешен руски пропаганден актер номиниран за најдобра споредна улога

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk