ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: Над 232 илјади Албанци од странство ќе гласаат на изборите на 11 мај; Конечно изброени гласовите од косовските изборите на 9 февруари; Српскиот синџир на БИА во Косово

March 5, 2025 15:13
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

На парламентарните избори во Албанија, кои ќе се одржат на 11 мај, ќе имаат можност да гласаат над 232.000 Албанци кои живеат во странство, пренесоа албанските медиуми.

По парламентарните избори во Косово, денеска конечно ќе бидат изброени сите гласови, за што Централната комисија за избори беше жестоко критикувана од јавноста, пренесуваат косовските медиуми.

За денешното издание на АЛ-Прес, редакцијата ја избра колумната „Еден милион студенти Албанци во Белград“, од авторот и публицист Ветон Сурои.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

ТВ 21: Над 232.000 имигранти во Албанија се пријавија да гласаат по истекот на рокот

Над 232.000 Албанци кои живеат во странство ќе имаат можност да гласаат на парламентарните избори на 11 мај годинава. Иако рокот за пријавување заврши синоќа на полноќ, оваа бројка се очекува дополнително да се зголемува, бидејќи до среда наутро имало уште над 19.000 барања во фаза на разгледување. Само вчера имаше над 13.200 нови пријавени, пренесе ТВ 21.

Нема шанси да се разгледаат над 42.000 одбиени барања, поради грешки во фазата на регистрација или некомплетна документација. Предлогот за одложување на рокот за регистрација беше поразен вчера попладне во Регулаторната комисија, додека идејата што ја изнесе главниот комесар Илирјан Целибаши да се види можноста да се остави простор да се справи со одбивањата, не наиде на поддршка. Поставена како прашање на состанокот на Регулаторната комисија од еден од членовите, идејата не беше ставена на гласање.

Балканвеб: Албанија станува дел од програмата „Military Erasmus“ за формирање питомци во европските воени академии

Албанија направи важен чекор на полето на безбедноста и одбраната, станувајќи дел од програмата „ Military Erasmus “, која ќе им овозможи на албанските кадети да се обучуваат во повеќе од 10 воени академии на земјите од Европската унија, пренесе Балканвеб.

КОСОВО

Газета експрес: 25 дена по изборите – Целиот процес на пребројување гласови се очекува да заврши денеска

Централната изборна комисија на Косово соопшти дека денеска во Центарот за броење и резултати продолжува пребројувањето на гласачките ливчиња дадени од лицата со посебни потреби, кое се очекува да заврши денеска и со тоа да се заокружи целиот процес на пребројување на гласовите за изборите на 9 февруари, пренесе  Газета експрес.

ЦИК вчера ги објави податоците од 100% од пребројувањето на гласовите добиени преку пошта за републичките избори на 9 февруари, процес кој заврши вчера.

Дукаѓини: Експертот Муслиу го  открива српскиот синџир на БИА во Косово

Безбедносниот експерт од Институтот Октопод, Агим Муслиу, спомена три имиња кои ги нарекува синџир на Тајната служба на Србија (БИА) што работи на Косово, пренесе Дукаѓини.

Едно од трите имиња е Јелена Ѓукановиќ, која пред три дена беше уапсена на северот на Косово под сомнение за шпионажа.

„Ова е каналот на БИА во Косово, расчленет според синџирот!

ГАЈТАНОВИЌ (БИА, Србија)

ВЛАЈИЌ (Косово, северно нелегални структури)

ЃУКАНОВИЌ (Косово, ОБСЕ)“, напиша Муслиу на Фејсбук.

Безбедносниот експерт понатаму рече дека овој синџир „е расплеткан со аргументи, факти и институции од двете страни!“.

„Другите не се непознати, но се уште не се расчленети за сите институции. Кога некој ќе биде уапсен за шпионажа, треба да се сфати дека истрагата за него ја започнал пред најмалку една година обвинителот, а пред најмалку 3 години разузнавачите“, напиша Муслиу.

КОЛУМНА

Еден милион студенти Албанци во Белград

„Постои речиси непогрешлив показател за мерење на моментумот на генерациска промена во државите, а тоа е моментот кога власта почнува да обвинува некој друг за револтот на една генерација против неа.

Вака ми изгледаше вчерашниот ден во Србија, по три месеци студентски бунт против власта. Студентите кои протестираа најпрво беа обвинети дека се манипулирани од западни шпиони – од Велика Британија до Хрватска, потоа дека се дел од големата завера за одвојување на Војводина од Србија, за конечно да се стигне до сигурниот, традиционалниот дежурен  виновник, косовските Албанци.“, пишува Авторот Ветон Сурои во колумната „Еден милион студенти Албанци во Белград“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Пподготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиуми
Next Post
Фото: МИА

Дурмиши: СДСМ се служи со лаги и невистини, инспекторите од ДИТ се преземени во Министерството за економија и труд, исплатени им се сите заостанати плати

Shortcut

Најново

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

August 10, 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026

СДСМ обвинува за погрешено знаме на прославата, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека е уметничка инсталација

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk