ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Смешно и непотребно е оддалечувањето од политиките на ЕУ, Пендаровски има поента!

March 10, 2025 11:18
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Господинот Пендаровски има поента кога вели дека не требало толку да се позиционираме кон Трамп. Со оглед на сите контроверзи кои го опкружуваат трамповото претседателствување, не ја исклучувам можноста и тој да се предомисли за многу од политиките за кои се залага. Во тој случај ќе испаднеме смешни како држава, а непотребно се оддалечуваме од политиките на Европската унија“, вели во изјава за Фронтлајн, Димитар Николовски извршен директор на ЕВРОТИНК, коментирајќи го ставот на поранешниот претседател на државата Стево Пендаровски околу позиционирањето на Влада во однос на „новото нормално“ на Трамп.

Селим Ибраими од Институтот за безбедносни и развојни студии смета дека Владата треба да се концентрира на сериозни реформи без разлика дали тоа го сакаат ЕУ или САД.

– Без разлика на големината на државата и нејзиното значење, важно е една влада да одржи реален курс со светот. Понекогаш личните врски, лобирањето и идеолошките ги надминуваат традиционалните основи на дипломатијата и надворешната политика. Така, гледајќи ја меѓународната ситуација, таа во ЕУ и судбината на Украина, мислам дека владата е во право. Надворешните критики од опозицијата се конзистентни со опозициските ефекти. Но, онаму каде што треба да престане ова усогласување на Северна Македонија е веднаш штом Украина и Русија постигнат мир. И таму владата треба да се концентрира на сериозни реформи без разлика дали ЕУ или САД ги сакаат, изјави Ибраим за Фронтлајн.

Поранешниот претседател Стево Пендаровски изјавил дека го загрижува позиционирањето на Владата во поглед на новата американска администрација.

– Многу е важно како ние како мала држава, знаете во кој регион сме лоцирани, се поставуваме наспроти тие глобални промени. Трамп ја поремети глобалната рамнотежа, ја поремети внатрешно трансатлантската заедница, затоа што воведе царини и започна со офанзивни дејствија против своите најголеми сојузници досега и соседи, но она што посебно ме загрижува е позиционирањето на нашата нова Влада во однос на администрацијата на Трамп. Реченицата која ја кажа нашиот премиер Мицкоски по враќањето од Америка дека треба да се навикнеме на ова ново нормално и дека тоа ново нормално ќе го преплави светот е опасна теза. Од новото нормално не се преплавени ниту Америка, Канада, Мексико, Велика Британија,… рече Пендаровски.

Впечатокот дека владата на Северна Македонија сè повеќе се усогласува со политиките на новата администрација на Доналд Трамп дополнително се зацврсти по втората посета на премиерот Христијан Мицкоски на Вашингтон за помалку од еден месец и средбите што тој таму ги имаше за време на годишната Конференција на конзервативната политичка акција.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Димитар НиколовскиЕУСАДСелим ИбраимиСтево ПендаровскиУкраина
Next Post

Загина 34-годишен маж во сообраќајка на патот Штип - Карбинци

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk