ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Се политизира ли трагедијата во Кочани? Аналитичари: Власта апси селективно!

March 18, 2025 12:02
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРАГЕДИИ

Спектакуларните апсења фрлија сомнеж во јавноста за напорите на Владата институционално да ја истражи трагедијата во Кочани, велат познавачите на политичките и тековните збиднувања во земјава.

Според нив, се додека имаме спектакуларни апсења, се дава простор да се навести дека случајот се политизира.

– Шемата на апсења зборува за селекции. Не може да се истражува изминатиот период, додека не се утврди одговорноста на актуелните раководители. Не може да се истражува изминатиот период, додека не се утврди одговорноста на актуелните раководители. Не знам дали началникот на локалната полиција бил сослушан или не. Не знам дали надлежните институции одговараат што дозволиле дискотеката да работи без лиценца. Истрагата тргнува од моменталната состојба и потоа се испитуваат други околности. Не амнистирам никого, но факт е дека дискотеката почна со работа на времето на ВМРО-ДПМНЕ и трагичниот инцидент се случи сега кога оваа партија е на власт. изјави за Фронтлајн, Дритон Зенку – новинар и политички аналитичар.

Политичкиот аналитичар Урим Салиу вели дека на луѓето кои ги загубиле своите најблиски повеќе им е потребна поддршка отколку политички спектакли за да се најде „виновникот“.

– Мицковски да не го бара на друго место проблемот. Треба да тргне од својот кабинет, односно да отстрани неколку министри од кабинетот, макар и од морални причини затоа што се случи страшна трагедија. Потоа, како премиер, со надлежните институции мора да копаат и во минатото, начинот на издавање на лиценцата и многуте злоупотреби што се случија итн. Некој ја отвори дискотеката, но некој не ја затвори. Ова е од суштинско значење за да се дојде до дното на овој случај и на многу други и да не се дозволи овој тажен случај да се злоупотреби политички, изјави Салиу за Фронтлајн.

Судот во Кочани го прифатил барањето на Oбвинителството за определување мерка краткотраен притвор за 14 осомничени лица во траење од 48 часа.

Дел од нив сe сомничат за „тешки дела против општа сигурност“ по член 292 од Кривичниот законик, а се испитуваат и дејствија на примање и давање поткуп, како и за незаконска набавка на пиротехнички средства. Меѓу осомничените се и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски и уште 12 лица, кои претходно беа задржани на распит за околностите во кои се случи пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Мерката краткотраен притвор може да се определи најмногу двапати по 48 часа, без да биде донесена формална наредба за спроведување истражна постапка.

Во пожар во дискотека во Кочани животот го загубија 59 млади лица, а над 140 настрадани се згрижени во земјава и странство. По несреќата во Кочани, Владата на Северна Македонија прогласи седумдневна жалост на територија на цела држава.

Дестан Јонузи

Tags: ВладаКрешник Бектешисудтрагедија во Кочани
Next Post

Романија: Преживеани од пожарот во диското „Колектив“ нудат помош за настраданите во Кочани

НАЈНОВО

Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

August 15, 2025

Собранието закажа итна седница за измени на Изборниот законик, иако изборите се веќе распишани

August 15, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Јулија Навалнаја до Путин: Ослободете ги сите политички затвореници

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: 11 часа по објавата на кандидатурата за градоначалничка, полицијата ми врачи кривична пријава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk