ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Универзитетски професори ја лоцираат одговорноста за трагедијата во Кочани

March 20, 2025 11:41
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРАГЕДИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Универзитетски професори и аналитичари, велат дека власта се обидува да ја претвори кочанската трагедија во битка против своите политички противници. Тие одговорноста за трагедијата, дали од морални или од други причини ја лоцираат во актуелната власт.

Според нив, премиерот Христијан Мицкоски се меша во кочанската трагедија за да избегне лична одговорност, а има и такви кои сметаат дека одговорноста за Кочани е 100% на актуелната власт.

Професорот Гордан Калајџиев вели дека не е многу оптимистичен за тоа како се спроведува истрагата и истакна пет факти на кои го темели својот став.

– Јас не сум толку оптимиста за досегашните истраги како други (редовно го следам Туфегиќ) главно заради пет работи: 1. Многу се меша премиерот лично и ја користи за политички поени а особено да избегне лична морална одговорност; 2. Рано е да се заклучи дали професионално е одработено; 3. Мвр и Јо тераат не многу координирано (мвр скока како прле пред магаре- ЗКП јасно кажува дека за кривични настани пресовите ги води ЈО; 4. Селективност во сомничењата со апсење на претходните функционери и 5. Притвори под притисок на јавноста а не од легални причини и тоа пред медиуми со лисици и сл. што ветуваа дека нема да го прават…, анализира професорот.

Тито Беличанец, универзитетски професор од Правниот факултет во Скопје, коментирајќи ја тешката трагедија во Кочани, децидно наведува дека одговорноста, како што вели, сто проценти е на актуелната власт.

– Лиценцата е обновена и трагичниот пожар се случи за време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ! Биш министер и други маргинални лица во притвор. Градоначалникот и други функционери од локалната власт на слобода! Пропадна приказната за тоа кој ја издал лиценцата на дискотеката, зошто била затворена од УЈП во декември 2024, а некој локален моќник дал дозвола да продолжи со работа. Врти сучи, одговорноста е 100% на сегашната локална и централна власт, вели Беличанец.

Поранешниот амбасадор Арсим Зеколи за кочанската трагедијата вели дека и покрај тоа што поминаа четири дена од настанот, премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одбиваат да поднесат оставки.

Зеколи и двајцата ги нарече „лица на корупција“.

Во Кочани денеска ќе им биде оддадена последна почит на загинатите во пожарот во ноќниот клуб „Пулс“. Погребната церемонија во Кочани ќе се одржи во 12 часот а со неа ќе чиноначалствува поглаварот на Македонската православна Црква -Охридска архиепископија г.г. Стефан. Од МПЦ – ОА замолуваат за достоинствено и христијанско однесување.

Погребната церемонија ќе се одржи по посебни протоколи, а на и околу местата на погребите ќе бидат распоредени поголем број на лекарски тимови и вода за пиење. На влезната капија на гробиштата ќе стојат свештеници од Кочани кои ќе ги пропуштат родителите со нивните најблиски. Сите останати граѓани се замолуваат да останат надвор од портите на гробиштата и достоинствено, без туркање и загрозување на својата и безбедноста на присутните да оддадат почит на настраданите.

Денеска погребни церемонии ќе се одржат и во Штип, Облешево и Скопје. Во пожарот во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Арсим ЗеколиВладаВМРО-ДПМНЕГордан КалајџиевМВРТито Беличанецтрагедија во Кочани

НАЈНОВО

Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

„Се гледаме на Видовден“ – протест на српските студенти во Белград; Вучиќ не ги прифаќа барањата; чаците најавија литературна вечер

June 28, 2025

Трамп објави дека ги прекинува сите трговски преговори со Канада, се закани со нови царини

June 28, 2025

Вучиќ пред утрешниот протест ги одби барањата на студентите: Не прифаќаме ултиматум

June 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Над 216 илјади македонски граѓани обезбедиле бугарски пасош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Фрчкоски: Скандалозна некомпетентност на власта, назадуваме по сите линии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија се заплеткува во лавиринтот на европските преговори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петрова: Дискотеката „Пулс“ ја платила глобата за неправилности во готовинските плаќања, запечатен бил кафе-барот на истиот сопственик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk