ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Кабранов: Настапите на Мицкоски за кочанската трагедија се скандалозни

March 21, 2025 12:22
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРАГЕДИИ, ХРОНИКА
Ацо Кабранов

Ацо Кабранов

Share on FacebookShare on Twitter

Трагедијата во Кочани уште еднаш покажува дека правдата во Македонија е селективна или диктирана!
Дали Владата наметнува или се меша во спроведувањето на правдата и истрагата на случаите?

Ацо Кабранов – политички аналитичар и новинар вели дека Владата, поточно премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, од првиот ден на кочанската трагедија не само што се мешаат, туку и диктираат и со истрагата и со медиумите и тоа како што вели тој: „го гледаат сите граѓани на државата“.

– Од нивниот сопартиец Папазов дека не е виновен, бил добар и доблесен човек за да под притисок на јавноста исплашени за опстанокот на Владата дури синоќа му дозволија на обвинителството да го приведе. Настапите на Премиерот се скандалозни, ќе влечел за уши од дома, тој е и судија и обвинител, се меша јавно во истрагата. Скандалозно е што вчера на денот на погребот Премиерот и владата за жал во договор со ЗНМ се ставија во улога на главни уредници на сите медиуми измислија протоколи небара сме ние несодветни и треба тие да ни кажат како се известува, но не се во овој случај тие виновни ние сами дозволивме да се понижиме и да се ставиме под контрола на Мицкоски и Тошковски, изјави Кабранов за Фронтлјан.

Активностите на полицијата и на Обвинителството за истрагата за пожарот во Кочани во кој починаа 59 млади лица, а околу 200 се повредени, продолжија синоќа со акција за приведување на лица за кои постои сомнение за инволвираност. Приведени се поранешните градоначалници на Кочани, Николчо Илиев, Ратко Димитровски и градоначалникот во оставка Љупчо Папазов.

Папазов беше на сослушување пред обвинител во ОЈО Кочани на 17 март, а Обвинителството по завршување на неговиот распит најави дека дополнително ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката.

Веќе е отворена истрага и е определен 30-дневен притвор за седум службени лица, вработени во СВР Штип и ПСОН Кочани, кои се осомничени дека како соизвршители, изготвувајќи, потпишувајќи и одобрувајќи позитивна согласност, му овозможиле на правно лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност – кабаре иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа.

Судот во Кочани го прифати предлогот на Обвинителството и одреди 30 дена притвор за 13 лица од 19-те кои се опфатени со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 59 луѓе, а околу 190 беа повредени.

Меѓу 13-те за кои е одредена мерката е и поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, како и поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски и поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути. За останатите шест ќе се одлучува во текот на денешниот ден.

Десет повредедни лица во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во македонските болници денеска (21 март) ќе бидат испишани и пуштени на домашно лекување, објави министерот за здравство, Арбен Таравари на прес-конференција пред Ургентниот центар.

– Еден ќе биде испишан од Клиничката болница во Штип, еден од Детска хирургија, еден од Торакална и пет од приватните клиники „Систина“ и „Жан Митрев“. Во моментот на лекување се 162 пациенти од кои 47 во домашните болници, а 115 во странство“. Освен едно лице во Турција, кое е во многу сериозна состојба и неколку во покритична состојба, сите останати се во стабилна состојба, изјави Таравари.

Таравари додаде дека веќе нема да има праќање на пациенти на лекување во странство, туку од наредната недела се очекува дел од нив да почнат да се враќаат во Македонија.

Во странство, како што соопшти Таравари се лекуваат 115 лица од кои, во Србија -30, во Бугарија-15, Грција-12, Турција -12, Шпанија-7, во Австрија-5, во Унгарија-6, во Хрватска-5, Словенија-4, Литванија-4, Белгија-4, Италија-4, Шведска-4, Полска-двајца пациенти.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март животот го загубија 59 лица, а околу 200 беа повредени. Починатите, кои се на возраст од 16 до 48 години, вчера беа погребани во Кочани, Штип, Струмица и Скопје.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Арбен ТаравариАцо КабрановМВРобвинителствоПанче Тошковскитрагедија КочаниХристијан Мицкоски

НАЈНОВО

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

May 9, 2025

(ВИДЕО) Пукање во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, едно лице повредено

May 8, 2025
Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Кој е Роберт Превост, новиот папа?

May 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk