ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Селектитвност не смее да има, да се истражат сите пропусти на МВР во Кочани

March 24, 2025 12:23
in Uncategorized, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Пред точно една недела, Македонија ја погоди најтешката трагедија во поновата историја. Изгубивме 59 млади животи. Во тие најтешки моменти, како партија одлучивме да молчиме и да не политизираме. Решивме да не додаваме сол на раната на семејствата на починатите. Тоа беше одговорно и човечки. Оставивме седум дена органите на правосудството да покажат дека спроведуваат независна, темелна и пред сè неселективна истрага за овој стравотен настан. Од првиот ден СДСМ бара сите одговорни, поранешни и сегашни функционери, службеници и политичари, да одговараат согласно законот. СДСМ дава поддршка на независна, темелна и неселективна истрага и ги поддржуваме институциите во тоа. Ова гласно го бараат и граѓаните, истакна на денешната прес-конференција на СДСМ, Мартин Костовски – организациски секретар.

„Но денес, седум дена подоцна, сме должни да ги поставиме вистинските прашања кои се наметнуваат за кои за жал, нема одговор од надлежните институции. СДСМ и понатаму нема да политизира и печали поени на овој настан. Но СДСМ е должен како опозиција да ги постави сите прашања на кои и обвинителството и МВР не даваат одговор. Од денес натаму, ќе поставуваме бројни прашања и ќе изнесуваме низа информации исклучиво засновани на факти и закони“, вели Костовски.

Од досегашниот правец на истрагата и информациите кои се соопштени во јавноста, СДСМ, како што рече Костовски, „стравува дека оваа истрага ќе биде селективна. Откако министерот Тошковски извести дека првата фаза од истрагата е завршена и се сомничат 32 лица, денес тој и обвинителот Коцевски мора да одговорат на следните легитимни прашања кои се наметнуваат“.

„Дали е точно дека:

Ниеден од командирите, инспекторите, и раководството на БЈБ и МВР во ОВР Кочани и СВР Штип, кои мора да знаеле што се случува, не се во притвор?

Дали и против кој од нив се води истрага? И ако не се води, како е возможно да не се истражуваат лица кои вечерта биле на одговорни позиции, со должност и овластување да реагираат – но не го сториле тоа?

Дали е точно дека сите седум вработени во МВР, кои се моментално во притвор, не биле на функции во денот на пожарот во дискотеката?“, праша Костовски.

„Законот за јавни собири јасно упатува на тоа за кои јавни собири е одговорна полицијата. Според информациите на овој настан имало 650 луѓе. Согласно законот, полицијата била должна да има оперативни сознанија за настанот и соодветно да го обезбеди овој настан дури и во случај ако тој не е пријавен од организаторот. МВР во Кочани тоа не го направиле. Ако МВР постапеле согласно законот, ќе имало обезбедено на Противпожарна бригада, Брза помош, соодветен број полициски службеници и сите пропратни безбедносни мерки за ваков тип настани, со што несреќата можела дури и да се превенира.

Од снимките вечерта се гледа дека полицијата била присутна во објектот. Ова значи дека знаеле за настанот, но не го обезбедиле соодветно.

Со ова се поставува прашањето, дали сите надлежни од МВР таа вечер сториле кривично дело со несторување односно непостапување? Дали се изземени од одговорност службеници, началници и командири кои вечерта биле на должност? Доколку истрагата во продолжение не ги опфати и нив, СДСМ со својот правен тим ќе поднесе соодветни кривични пријави.

Ова е последен повик до институциите: направете го она што ви е должност. Немојте да терате селективна правда. Токму тоа е она против кое се борат граѓаните.

СДСМ ќе продолжи да ги објавува сите детали и да ги поставува сите правно издржани прашања, кои укажуваат на сериозни пропусти и кривични одговорности за лица за кои во моментов нема информации дека се дел од истражната постапка или се во притвор. Целта е една – правда и вистина“, истакна Костовски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костадинов објави замрзнување на членството во СДСМ, откако не се најде на листата за градоначалници

July 3, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Повеќе лица повредени во пукотница во Чикаго

July 3, 2025

Почна кампањата за изборите за Горниот дом во Јапонија

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи стави розови очила за читање на ребалансот на буџетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (АУДИО) Руски офицер признава дека го соборил азербејџанскиот патнички авион, според протечената изјава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk