ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ОБРАЗОВАНИЕ

Студентскиот правобранител на УКИМ: Ниту претседателот на УСС, ниту студентот со мегафонот на студентскиот пленум не го заслужија говорот на омраза

March 26, 2025 15:16
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Плато на УКИМ. Фото: МИА

Плато на УКИМ. Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Студентските случувања го привлекоа вниманието на јавноста, почнувајќи од појавувањето на министерката Јаневска на студентскиот собир за оддавање на почит на загинатите во Кочани, па се до организираниот студентски пленум за кој во последен момент беше одлучено да се одржи без присуство на новинари.

Според реакцијата на студентскиот правобранител на УКИМ, двајца студенти претрпеле говор на омраза, Александар Николовски – претседателот на УСС кој го организираше собирот на кој се појави министерката како и студентот од Независниот студентски сојуз кој не дозволи присуство на новинари на студентскиот пленум.

Реакцијата на студентскиот правобранител, Савче Ѓошева, ја пренесуваме во целост:

Следејќи ги настаните кои ја брануваа студентската заедница предходната недела, не можев а да не се огласам. Предходниот понеделник, на крајно тажен и тензичен собир пред платото на УКИМ кој воопшто не би да се случил доколку системот фукционираше, право на збор си зема самиот систем,  односно политичар чиешто место не беше тој ден пред студентите. Лавината на реакции после оваа несовесност на системот, од кои добар дел беа полни со говор на омраза ги сносеше Универзитетското студентско собрание, конкретно Александар Николовски, актуелниот претседател.

Овој понеделник пак, бевме сведоци на студентскиот пленум организиран од Независниот студентски сојуз како што се претставуваат, а кој беше оформен како резултат на незадоволство од говорот на министерката. Токму на тој пленум, она што ми падна во очи кое беше пренесено во медиумите беше студентот кој со мегафон во рака им порача на медиумите дека не се добредедојдени. Во ред, не се добредојдени. Потегот беше непромислен и несоодветен. Во секој случај, и овој студент (без разлика на  неговата партиска вклученост) не го заслужи јавниот говор на омраза кој беше проследен на социјалните мрежи.

Ниту Александар, ниту студентот не го заслужија јавниот линч во коментари под постови. И двајцата на крајот од денот, се студенти на УКИМ, дел од истата заедница како што сме и сите ние. Како студенти мораме да сфатиме дека во вакви траорни моменти ad hominem аргументи не ни помагаат. Простор треба да има само за конструктивна критика и солидарност. Како единствената група на луѓе во државата, која е слободна да критикува, протестира и бара системски ресет, ние студентите МОРА ДА ОСТАНЕМЕ ЗАЕДНО без поделби и омраза едни кон други.

Јавно ги повикувувам студентите да присуствуваат на седниците на факултетските студентски собранија и на УСС и да ги дискутираат работите со нивните легитимно избрани студентски претставници. Кажете им каде грешат, што треба да преземат и како да се постават во иднина. Само вистински активна студентска заедница може да го промени системот. Само КОЛЕКТИВНА ИНИЦИЈАТИВА од млади луѓе отворена за различни мислења може да понуди решенија за нефункционалноста во која сме втурнати.  Без етикетирање, без дезинформазии, бидејќи сите ја живееме истата сурова реалност.

60 луѓе ни загинаа. Фокусот треба да е кон нив и нивните фамилии и она што можеме да помогнеме. Фокусот треба да е кон нас и нашето живеење понатаму, но во каков систем? Тоа што преостанува е многу јасно – да ја споделиме маката меѓу себе и студентски, солидарно и силно да бараме од интитуциите, во предавалните, на улиците, систем кој работи за нас.

Преземено: Нова ТВ

Tags: говор на омразастуденстки правобранителУКИМ
Next Post
Фото: Влада РСМ

Муцунски: Активно се работи на процесот на репатријација на македонските пациенти повредени во пожарот во Кочани кои се лекуваат во странство

Shortcut

Најново

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk