По Србија, Унгарија поднесе жалба на барањето за издавање црвена потерница на Интерпол за претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик, јавува Вијести, пренесувајќи ја веста од сараевски портал.
„Политичкиот лов на вештерки против претседателот Милорад Додик е тажен пример за користење на правниот систем како оружје против демократски избран лидер. Ако сакаме да ја зачуваме стабилноста на Западен Балкан, ова не е вистинскиот начин“, напиша тогаш Орбан на социјалната мрежа Х.
Претходно Србија упати протестна нота до Интерпол, а министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека тоа е направено затоа што Додик и претседателот на Народното собрание на РС и Ненад Стевандиќ, за кои исто така беше побарана меѓународна потерница, се државјани на Србија.
Дачиќ се повика на член 3 од Статутот на Интерпол, според кој „секоја активност или интервенција во случаи кои имаат политичка, воена, верска или расна позадина е строго забранета“.
Минатата недела, Судот на Босна и Херцеговина испрати барање до Интерпол за распишување меѓународна потерница по Додик и Стевандиќ поради „непристапност до судството“, бидејќи избегнуваат да се појават во Обвинителството на Босна и Херцеговина, каде што беа повикани на распит како осомничени за „напад на уставниот налог на Херцеговина“.
Д. Т. / Цивил Медиа