ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Сиљановска-Давкова: Мојата земја, во сè пофрагментиран свет, останува силно посветена на ефективниот мултилатерализам, со ОН во нејзиниот центар

April 7, 2025 10:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска остварила средба со заменичката генерална секретарка на Обединетите Нации, Амина Џ. Мохамед и се обратила пред постојаните координатори на ОН од Европа и од Централна Азија.

Изразувајќи сочувство за трагедијата во Кочани, Мохамед истакнала дека од несреќата, за жал, сите научија голема лекција и сфатија дека може секому да му се случи. Според неа, како што соопштија од Кабинетот на Сиљановска-Давкова, најдобрата одлука што ја направила државата е што голем дел од повредените биле испратени на лекување во странство. Со ваква голема загуба, посочила таа, ниту една земја не може и не треба да се справува сама.

Разговарајќи за улогата на Обединетите Нации, како организација создадена да го штити мирот, соговорничките се согласиле дека по осумдецениско постоење, неопходно е Организацијата да се реформира во согласност со современите мировни и демократски предизвици.

– Да градиме почитувано и инспиративно лидерство, да ги облагородиме суровиот реализам и силата со идеализам, со право, етика и морал, истакнала претседателката.

Заменичката генерална секретарка посочила дека ОН мора да ги задржат вредностите и принципите на Организацијата и да бидат погласни, со што на сегашните и на идните земји членки ќе им докажат дека има имаат бенефит од членството во ОН.

Осврнувајќи се на процесот на нашата евроинтеграција, заменичката генерална секретарка истакнала дека е важно ОН да се заложат за нас, како мала земја која неправедно и предолго, чека за влез во ЕУ.

Пред постојаните координатори на ОН од Европа и од Централна Азија, Сиљановска-Давкова нагласила дека иако светот претрпе длабока геополитичка, економска, еколошка, демографска и технолошка трансформација, надлежностите, структурите и процедурите на ОН останаа главно непроменети.

– Неопходни се суштински реформи што ќе ги направи Генералното собрание и Советот за безбедност полегитимни и подемократски институции во исполнувањето на Повелбата на ОН. Советот за безбедност не може да се бира, да има состав и да одлучува како во 1945 година. Тој мора да се реформира и да стане поодговорен за одржувањето на меѓународниот мир и безбедност. Генералното собрание мора да ја надмине својата дебатна улога и да прерасне во клучно тело во процесот на одлучување и креирање политики. Пресудите на Меѓународниот суд на правдата мора да станат обврзувачки за сите држави, рекла таа.

За неа координаторите на ОН се носители на глобалната совест, поборници и борци за мир, даватели на помош на оние на кои им е најпотребна, носители на надеж во време на очај. Таа им ја изразила и ветила нејзината поддршка.

– Како човек којшто го посветил својот живот на правото и правдата, сè уште верувам во потребата од ефективен мултилатерализам со силни, реформирани Обединети Нации, истакнала таа.

Претседателката исто така, ја потенцирала нашата заложба за интегрирање на Целите за одржлив развој во националната стратегија, фокусирајќи се на климатските активности, еднаквоста и владеењето на правото.

Tags: ОНСиљановска Давкова
Next Post

ХЕРА: Државата да ги зголеми инвестициите во превенција и квалитетна здравствена заштита на жените, децата и ранливите групи

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk