ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Институциите на државата заглавени во политички калкулации за кочанската трагедија!

April 10, 2025 13:51
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ТРАГЕДИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Четири недели по големата трагедија во Кочани, истрагата сè уште нема одговори на едни од најважните прашања: кој сноси одговорност за пожарот во „Пулс“ и кој е виновен за сериозните безбедносни пропусти на денот на трагедијата?

– Иако беше најавено, до денеска не е направен ниту еден чекор во насока на проширување на истрагата – ниту за пропустите што ја обележаа кобната ноќ, ниту за оние што ѝ претходеле. Не е поведена постапка против ниту едно лице од МВР, ОВР Кочани, СВР Штип или БЈБ, иако тие на 16 март, денот на трагедијата, биле на одговорни позиции. Зошто нема проширување на истрагата иако беше најавено? Зошто ниту еден актуелен функционер којшто бил на функција тој ден не е опфатен со истрагата ниту пак е повикан на распит? Не смее да има заштитени. Не смее да продолжи селективно да се води истрагата. Одговорност мора да има – без разлика на функцијата или позицијата. Ова не е партиско прашање. Ова е прашање на правда, на доверба во институциите и на почит кон жртвите и нивните семејства, реагираат од опозициската СДСМ.

Политичкиот аналитичар Бесим Небиу за Фронтлајн вели дека тоа што го гледаме со голо око укажува на длабок системски проблем, каде што институциите на државата не само што не функционираат, туку изгледа и дека се свесно заглавени во политички калкулации и меѓусебни договори.

– Фактот што низ годините и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ биле на власт, а проблемите со јавната безбедност, урбанизмот, инспекциските служби и превенцијата останувале нерешени, зборува за една долгорочна негрижа и неказнивост. Кога трагедијата во Кочани не предизвикува брзи и сеопфатни институционални реакции, тоа испраќа порака дека политичкиот естаблишмент – без разлика на партиската боја – или нема волја, или има нешто што сака да го прикрие. Во ваква ситуација, јавноста има целосно право да бара одговорност – не само од локални актери, туку и од оние на централно ниво кои ги воделе и ги контролирале тие системи, вели Небиу.

Од најголемата опозициска партија на Албанците, ДУИ обвинуваат дека и по четири недели по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 60 млади луѓе, институциите молчат, а вистината сè уште се крие.

– Што се случи со видео надзорот? Знаеме дека серверите преживеале. Дали е точно дека снимките прикажуваат прослави со локални полициски службеници само неколку дена пред трагедијата? Дали тие биле присутни и во самиот ден на настанот? Кој ги чува тие снимки, кој ги сокрива и зошто досега не се објавени?“, прашуваат од ДУИ.

Партијата упати и прашања до Комората на компании за обезбедување, барајќи одговор дали агенцијата „Рубикон“, која го обезбедувала локалот, воопшто поседува лиценца и дали нејзините вработени биле соодветно лиценцирани.

ДУИ го поставува и прашањето за молкот на полицијата: „Целата локална полициска вертикала, од станицата до министерот, знаеле дека локалот работи без лиценца, дека се користат пиротехнички средства и наркотици. И сите молчеле. Денес, 21 ден подоцна, никој не понесе ниту морална, ниту правна одговорност.“

Во заклучок, партијата порачува: „Ова молчење не е само институционален срам – ова е соучесништво. И нема да дозволиме вистината да се скрие, а одговорноста да се избегне.“

Политичкиот аналитичар и правник по вокација Ќенан Алиу за Фронтлајн вели дека кривичните постапки не само што се чувствителни, туку и комплицирани, особено за правните настани со далекусежни последици како што е трагедијата во Кочани.

– Не ги знам доказите за да заклучам за селективност. Во ваква истрага веројатно е дека при процесот на сомнеж и лишување некого, некој ќе остане на слобода, додека во текот на процесот ќе бидат осомничени и други. Значи се мора да се заснова на убедливи докази и факти и согласно Законот за кривична постапка и Кривичниот законик. Бидејќи неубедливите докази и факти од обвинителството како странка во процесот може да паднат пред судскиот совет. Казната, во принцип, не ја враќа претходната состојба, туку казнувањето служи како поука за другите во иднина. Можеби во правдата се вели дека дури и непостапувањето од страна на властите претставува кривично дело. Мора да го чекаме развојот на процесот и неговиот епилог, изјави Алиу за Фронтлајн.

59 луѓе ги загубија животите на денот на трагедијата во Кочани, а до денес бројката достигна 61.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВладаИстрагаМВРобвинителствотрагедија во Кочани
Next Post

Еден повреден во пожарот во Кочани се враќа од лекување во странство, надвор од земјава се хоспитализирани уште 55 пациенти

НАЈНОВО

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

Мицкоски: Експертите велеа дека најмалку седум дена ќе се гасне пожарот во Трубарево, а го изгаснавме за 30 часа

September 15, 2025

Со одлука на Меџити се затвора нестандардната депонија за отпад во Никуштак

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk