ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Колку Владата се грижи за работниците и платите на граѓаните?

April 11, 2025 12:06
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
плата, кошничка, работнички живот
Share on FacebookShare on Twitter

„Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да прикаже некаков раст на платите, кога во реалноста граѓаните осиромашуваат, а секое второ семејство се бори да ги покрие основните трошоци. ВМРО-ДПМНЕ и оваа Влада, како ниедна досега, ги запоставија работниците, нивните права и покачувањето на платите. Сега се обидуваат да претстават минимален раст кај дел од вработените во јавниот сектор како сопствен успех, иако тоа им следуваше и без нивна заслуга“, соопштуваат од опозициската СДСМ.

Од СДСМ додаваат дека „откако свесно дозволија цените да одат нагоре, без да усвојат ниту една мерка за зголемување на платите, сега се обидуваат да убедат дека граѓаните живеат добро и дека платите растат“.

– Но граѓаните знаат подобро – ДПМНЕ се грижи само за сопствените партиски интереси. Тоа се гледа низ секоја нивна политика и постапка. Ниту ги заштитија граѓаните од алчните трговци, ниту ја спречија инфлацијата, ниту понудија вистинска финансиска поддршка во кризата. Не се справија ниту со проблемите со парното и струјата, чии цени отидоа до небо. Предоцна е Владата да се вади со лажен ПР. Граѓаните веќе ги почувствуваа нивните „економски политики“ – и тоа на своја кожа, велат од СДСМ.

Темата за зголемување на минималната плата повторно се актуелизираше откако синдикалните претставници беа повикани на состанок во Владата со премиерот Христијан Мицкоски.

Владата останува на ставот дека ќе го прифати секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите што ќе биде постигнат во рамки на економско-социјалниот дијалог, а останаа и спротивставените барања и ставови на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС).

Повторен е и ставот дека нема можности за субвенционирање на платата која ССМ бара да биде 30.000 денари, а за која КСС смета дека ќе опфати мал дел од вработените. Најавено е дека за една недела ќе се утврди репрезентативноста на синдикатот и ќе почне со работа Економско-социјалниот совет, како и дека ќе има ревидирање на одредни членови во Општиот колективен договор за јавниот сектор.

По последното усогласување на минималната плата со нето износ од 1800 денари согласно законските одредби, што стапи во сила од почетокот на месецов, и реакцијата на ССМ за едностраност во одлучувањето од страна на Владата без консултација со синдикатите, претседателот на ССМ Слободан Трендафилов по вчерашниот состанок оцени дека има волја за наоѓање решение за прашањата за стандардот на работниците.

Дестан Јонузи

Tags: ВладаВМРО-ДПМНЕминимална платаСДСМСиндикат
Next Post
Фото: Фронтлајн

(ВИДЕО) Кочоска од „Кој е следен?“: Не сме тука да рушиме држава – тука сме да си ја вратиме

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk