ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Немоќни да го натераат Путин да прифати прекин на огнот, Трамп и Венс оркестрирано се нафрлија на Зеленски

April 15, 2025 15:10
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ
Фото: Скриншот од видео на CNN

Фото: Скриншот од видео на CNN

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Претседателот и потпретседателот на САД, ореде очигледниот неуспех на нивната агенда да стават крај на руската војна во Украина, немоќни да извршат притисок врз Путин да го прифати мировниот план на Трамп за запирање на огнот, своите напади и притисоци и обвинувања ги насочија повторно кон жртвата на агресијата, украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Доналд Трамп го обвини Володимир Зеленски за започнување на војната со Русија – еден ден по масовниот руски напад во Украина, во кој загинаа 35 лица, а 117 други беа повредени, а набргу потоа следеше и обвинувањето на потпретседателот Венс дека Зеленски упатил „апсурдни“ критики дека САД застанале на страната на Русија

Американскиот претседател рече дека украинскиот лидер ја споделил вината со рускиот претседател Владимир Путин за „милиони загинати“ во војната во Украина, објави Би-би-си.

„Не започнувате војна против некој 20 пати поголем од вас, а потоа се надевате дека луѓето ќе ви дадат некои проектили“, им рече тој на новинарите во Белата куќа, обвинувајќи го повторно и поранешниот американски претседател Џо Бајден за конфликтот, дезавуирајќи ја улогата на Путин како единствен директен виновник за војната.

Апсурдно, но коментарите на Трамп доаѓаат по широкиот бес во светот поради рускиот напад врз украинскиот град Суми во неделата, кој беше најсмртоносниот руски напад врз цивили оваа година.

Запрашан за нападот претходно, Трамп рече дека е „страшен“ и дека му било кажано дека Русија „направила грешка“, но не даде детали.

„Милиони луѓе загинаа поради три лица“, рече Трамп во понеделникот. „Да речеме Путин број еден, да речеме Бајден кој немаше поим што по ѓаволите прави, број два и Зеленски“.

Се проценува дека стотици илјади, но не и милиони луѓе се убиени или повредени од сите страни откако Русија започна целосна инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.

Преиспитувајќи ја компетентноста на Зеленски, Трамп забележа дека украинскиот лидер „секогаш барал да купи проектили“.

„Кога започнувате војна, знаете дека можете да победите“, рече американскиот претседател.

Трамп постојано е во судир со Зеленски откако тој се врати на функцијата оваа година, а претходно се чинеше дека ја обвинува Украина за започнување на војната.

Тензиите меѓу двајцата се високи уште од нивната жестока конфронтација во Белата куќа во февруари.

За време на тој состанок, Трамп го обвини Зеленски за „коцкање со Третата светска војна“ и го прекори што порано не започнал мировни преговори со Русија.

Спротивно на тоа, американскиот претседател прави напори да ги подобри односите со Москва.

Трамп рече дека имал „одличен“ телефонски разговор со Путин минатиот месец, а рускиот претседател му испратил портрет како подарок една недела подоцна.

Во февруари, Вашингтон гласаше заедно со Москва против резолуцијата на ОН која ја идентификуваше Русија како „агресор“ во руската војна против Украина.

Откако разговорите меѓу американските и руските претставници не успеаја да произведат прекин на огнот во Украина, Трамп иако рече дека е „многу лут“ на Путин, сепак додаде дека има „добри односи“ со рускиот лидер, и не изврши дополнителен притисок врз рускиот претседател.

Да не остане покусо, како на состанокот во Овалната соба на 28 февруари, каде се чини дека додаде масло на тензиите меѓу двајцата лидери , во вербалниот напад врз Зеленски се приклучи американскиот потпретседател Џ.Д,Венс, кој го обвини украинскиот претседател за „апсурдни“ критики за застанување на страната на Русија

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс на 15 април се спротивстави на критиките од претседателот Володимир Зеленски, велејќи дека е „апсурдно“ да се обвини Вашингтон дека е на страната на Русија, објави Ројтерс.

„Мислам дека е некако апсурдно Зеленски да и каже на (американската) влада, која моментално ја држи целата негова влада и воените напори заедно, дека некако сме на страната на Русите“, рече Венс, пренесува Кијив Индипендент.

Забелешките уследија по интервјуто за CBS News, во кое Зеленски го посочи Венс за повторување на реториката на Кремљ и го обвини американскиот потпретседател дека се обидува да ја оправда руската инвазија на Украина.

„Тоа е промена на тонот, промена на реалноста… и не сакам да се вклучам во изменетата реалност што ми се прикажува“, рече Зеленски, повикувајќи се на состанокот во Овалната соба на 28 февруари, кога го предизвика Венс да ја посети Украина и од прва рака да биде сведок на уништувањето предизвикано од целосната инвазија на Русија. Венс одби, тврдејќи дека украинската влада организира „пропагандни турнеи“ за да ги обликува западните наративи за војната.

Венс, водечки глас во надворешната политика „Америка на прво место“ на администрацијата на Трамп, долго време се противеше на американската воена помош за Украина. Тој тврди дека таквата поддршка ги оптоварува американските даночни обврзници и го одвлекува вниманието од домашните приоритети.

Откако Русија ја започна својата целосна инвазија во 2022 година, Венс привлече критики за минимизирање на значењето на војната и повторување на точките за разговор усогласени со Кремљ.

Набргу по почетокот на инвазијата, тој рече дека „не му е грижа за Украина“, изјава што оттогаш ја бранеше врз основа на приоритет на интересите на САД.

„Тоа не значи дека морално ја поддржувате руската кауза или дека ја поддржувате целосната инвазија“, рече Венс.„Но, мора да се обидете да разберете кои се нивните стратешки црвени линии, на ист начин како што треба да се обидете да разберете што Украинците се обидуваат да излезат од конфликтот.

Зеленски постојано предупредуваше дека целта на Москва не се преговори, туку освојување, и дека опстанокот на Украина зависи од тоа што Западот ќе продолжи да обезбедува воена, финансиска и политичка поддршка, предупредувања кои, барем засега, наидуваат на „глуви уши“ во врвот на Белата Куќа

За тоа како Трамп и неговата администрација ги сфаќаат напорите за обезбедување траен мир во Украина, и комерцијалните бенефити кои тој би ги донел за САД, можеби најдобро говори изјавата на Стив Витков, специјалниот претставник на Трамп кој оствари средба со Путин во Санкт Петерсбург:

„Постои можност за преобликување на односите меѓу Русија и САД преку некои многу привлечни комерцијални можности кои мислам дека даваат вистинска стабилност и на регионот. Партнерствата создаваат стабилност“, рече Виткоф кој по средбата со Путин му претстави на Трамп „непристоен предлог“ за давање „сопственост“ на Москва  врз четири окупирани украински региони како најбрз начин да се постигне траен мир.

Преземено: Цивил Медиа


Текстот е личен став на авторот

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Владимир ПутинВолодимир ЗеленскиДЈ ВенсДоналд Трамп

НАЈНОВО

ФОТО: МИА

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја одбранија шампионската титула

June 3, 2025
Фото: Скриншот, видео ТНТ Спорт

(ВИДЕО) Дембеле громогласно пречекан на Ролан Гарос со трофејот од Лигата на шампиони

June 3, 2025

Предлог на Русија за капитулација на Украина? Што пишува во рускиот меморандум

June 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Завршија преговорите Русија – Украина во Истанбул

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Правеле зграда каде што била предвидена улица, хаос со дивоградбите во Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додека лавчињата се касаат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меѓународниот ден на детето одбележан со посветеност и емпатија во Амбасадата на Република Словачка во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Мицкоски му било жал што Арсовска добивалa закани по живот, таа вели – ми спуштаат на 192 кога ќе се претставам кој се јавува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk