Официјални претставници на Европската унија на 15 април предупредија дека Србија може да биде блокирана да се приклучи на ЕУ доколку нејзиниот претседател отпатува во Москва на Парадата на победата на рускиот претседател Владимир Путин на 9 мај, пренесува Кијив Индипендент.
Според руските државни медиуми, Вучиќ ќе присуствува на годишната парада за Денот на победата во Москва на 9 мај и ќе придонесе со воени средства на парадата.
Како одговор, европските претставници упатија предупредување до Вучиќ, укажувајќи дека неговата посета ќе ги прекрши критериумите за членство во ЕУ и потенцијално ќе го блокира процесот на пристапување на Србија.
Неколку претставници на ЕУ го коментираа претстојното патување на Вучиќ во Москва, меѓу кои и Џонатан Всевиов, генералниот секретар на Министерството за надворешни работи на Естонија.
„Треба да се погрижиме тие да разберат дека одредени одлуки имаат цена. Последица на тоа е нивното непристапување во Европската унија“, рече Всевиов.
Тој, исто така, додаде дека присуството на Парадата на Денот на победата во Русија е „важен лакмус тест. Во основа она што го гледаме е дали тие се или не на наша страна или играат во другиот тим“.
Каја Калас, највисокиот дипломат на ЕУ, исто така коментира дека „секое учество на парадите или прославите на 9 мај во Москва нема да биде сфатено несериозно од европската страна, имајќи предвид дека Русија навистина води целосна војна во Европа“.
Србија поднесе барање за влез во Европската унија во 2009 година и доби кандидатски статус во 2012 година. Сепак, српскиот претседател Александар Вучиќ, исто така, одржува пријателски врски со Русија и Путин.
Руските државни медиуми објавија дека Путин ги поканил лидерите на Кина, Израел и Бразил да присуствуваат на прославата на 9 мај во Москва, по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна.
Роберт Фицо, премиерот на Словачка, исто така, е потврдено дека ќе присуствува на парадата во Москва, и покрај предупредувањата на ЕУ.
Во меѓувреме, Украина ги покани високите лидери и претставници на ЕУ во Кијив на 9 мај за да се спротивстави на руската прослава.
Д. Мишев / Цивил Медиа