ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Двојните избори – анксиозност за власта, предност за опозицијата

April 28, 2025 11:18
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски на 25 март изјави дека доколку опозицијата се согласи, ние (власта) сме секогаш подготвени за предвремени парламентарни избори, но додаде: „Не сум сигурен дека целата опозиција бара предвремени парламентарни избори“.

Но, последниот став на сите опозициски партии, но и на дел од владините коалициски партнери, е за предвремени парламентарни избори – заедно со локалните избори кои се очекува да се одржат во октомври годинава.

И покрај ова, политичкиот аналитичар Ацо Кабранов вели дека дали ќе има или не предвремени парламентарни избори заедно со локалните зависи од најголемата владејачка партија, ВМРО ДПМНЕ.

– Владејачките партии имаат мнозинство и во секој момент можат да распишат предвремени парламентарни избори, не само со локалните туку кога сакаат можат. Се зависи од ВМРО ДПМНЕ. Ако премиерот и лидер на партијата како што тој вели израчуна математички прецизно дека со локалните да се одржат и парламентарните тогаш ќе има. Но не верувам, мислам дека повеќе од 58-те пратеници кои ги има на следните избори нема повторно да ги добие. Според мене Мицкоски нема да оди на локалните избори заедно и со парламентарни и ќе владее во комоцијата што граѓаните му ја дадоа на последните парламентарни. Со толку пратеници и речиси сите медиуми како Вучиќ во Србија зошто би се замарал со предвремени кога до редовните има уште цели три години, анализира Кабранов за Фронтлајн.

Поранешниот пратеник Зуди Џелили оценува дека според сегашната ситуација каде парламентарното мнозинство брои 78 пратеници, што претставува стабилно мнозинство за власта, нема потреба од предвремени парламентарни избори.

Но, додава тој, доколку ситуацијата се промени и се намали бројот на пратеници Албанци од ова парламентарно мнозинство, тогаш легитимитетот на албанските партии во владата станува под знак прашалник бидејќи остануваат со девет пратеници.

– ДУИ е таа која во име на Европскиот фронт бара двојни избори наесен кога ќе се одржат локалните избори, но наскоро ќе биде јасно каков став ќе заземат повеќето други партии. Политички блеф се реакциите на премиерот дека не се плашиме од двојни избори, како и емотивната реакција на Изет Меџити од ВЛЕН дека прифаќаме предвремени избори. Верувам дека освен ВМРО ДПМНЕ и уште две партии кои имаат висок рејтинг, на никој друг не му одговараат двојни избори. Не им се допаѓа затоа што ако е ВЛЕН оди на избори без Алијансата за Албанците на Арбен Таравари нема да освои ниту една општина затоа што којзнае што ќе биде со нив тогаш, изјави Џелили за Фронтлајн.

Најголемата опозициска партија во земјата СДСМ е целосно подготвен за сите можни изборни сценарија – како за редовните локални избори, така и за евентуални предвремени парламентарни избори, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

И најголемата партија на Албанскиот блок, Демократската унија за интеграција (ДУИ) – која делува во опозиција бара одржување на предвремени парламентарни избори, повикувајќи ги албанските партии во власта да ја проверат поддршката од народот.

– ДУИ јавно им се обраќа на албанските партии во Владата со јасен повик: Ако не се плашите од волјата на народот, ајде на избори. Ако мислите дека народот се согласува губитнички партии да ги претставуваат Албанците – ајде на избори, соопштија од партијата.

Коалицијата ВЛЕН која сега делува без петте пратеници на Алијанса за Албанците, првично обвини дека повикот на ДУИ има за цел да го прикрие, како што наведоа, нивното криминално минато, но подоцна соопшти дека прифаќа излез на предвремени избори.

– Ако мислите дека треба да нѐ претставуваат тие што со нашите пари го купија трговскиот центар Соравија – ајде на избори. Ако мислите дека треба да нѐ претставуваат тие што нѐ труеја со канцероген мазут – ајде на избори. Ако мислите дека треба да нѐ претставуваат тие што ги спасија Груевски и Мијалков од затвор – ајде на избори, соопшти ВЛЕН.

Но, очигледно и без Aлијанса за Албанците, оваа коалиција не е координирана во однос на јавно искажаните ставови. Така, неколку часа по оваа објава, претседателот на Алтернатива Зеќирија Ибрахими и претседателот на Собранието Африм Гаши се изјаснија дека не се за предвремени парламентарни избори иако нивната партија има само двајца пратеници во Собранието.

Парламентарното мнозинство е стабилно без разлика дали некој ќе излезе или влезе заради превирањата во коалицијата ВРЕДИ – изјави претседателот на Собранието Африм Гаши.

-Мислам дека нема потреба од никаква паника, мнозинството е стабилно, мислам дека треба да се продолжи понатаму да се работи без разлика дали некој ќе влезе, ќе излезе. Мислам, нема да има голема промена во бројот на пратениците. Мнозинството е многу стабилно, веќе околу две третини имаме, рече Гаши.

И владејачката ВМРО-ДПМНЕ по седницата на Централниот комитет на партијата соопшти дека Владата е стабилна и силна, и ги исполнува очекувањата на граѓаните.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВЛЕНВМРО-ДПМНЕДУИизбориСДСМ

НАЈНОВО

Вучиќ пред утрешниот протест ги одби барањата на студентите: Не прифаќаме ултиматум

June 27, 2025

Рекордни температури и пожари на Балканот, се очекува разладување

June 27, 2025

Синот на норвешката принцеза обвинет за силување и сексуален напад

June 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Над 216 илјади македонски граѓани обезбедиле бугарски пасош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Фрчкоски: Скандалозна некомпетентност на власта, назадуваме по сите линии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари: Ваљбон Лимани не е кандидат, тој е новиот градоначалник на Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски не разбирал што е тоа „модерен“ македонски јазик – предлогот што пратеници од сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ го поднесоа во ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петрова: Дискотеката „Пулс“ ја платила глобата за неправилности во готовинските плаќања, запечатен бил кафе-барот на истиот сопственик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk