ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги исполнуваат очекувањата на граѓаните и посветено работат

April 30, 2025 10:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Фронтлајн

Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

– ВМРО-ДПМНЕ, како предводник на институциите на системот, за нецела година покажа и докажа како се работи макотрпно, чесно и достоинствено во интерес на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ ја презема одговорноста да ја води Владата во исклучително лоша состојба оставена од претходното владино раководство, СДС остави пустош во државата во секоја област. Следеше интензивна и макотрпна работа, се запре слободниот пад на економијата и користејќи ги сите расположливи ресурси, почна нејзиното заживување, се зголемуваа платите и пензиите, а странските директни инвестиции на крајот на годината беа на историски највисоко ниво од над милијарда евра, соопштуваат од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека „постепено и сигурно се враќа функционирањето на институциите на системот, се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи, законот важи еднакво за сите и пред надлежните органи одговара секој што се огрешил пред законот“.

„Граѓаните ова го гледаат и го вреднуваат. Го ценат досегашното работење на Владата и ги поздравуваат преземените мерки и политики кои значат функционални институции, ефикасна борба против организиран криминал и корупција, подобри услови за сите во државата. Пред неколку дена беше спроведено истражување на јавното мислење кое го потврди огромното признание за досегашната работа на Владата и големата доверба на граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ и претседателот и премиер, Христијан Мицкоски“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Наведуваат дека „Анкетата потврди дека над 60 отсто од граѓаните сметаат дека борбата на властите против организираниот криминал и корупција е интензивна и постојана, две третини од испитаниците ја поддржуваат владината мерка за замрзнување на маржите на дел од производите, додека две третини од испитаниците сметаат дека надлежните институции ефикасно се справија со последиците од трагедијата во Кочани“.

„Овие високи проценти се резултат на посветената работа и исполнување на очекувањата на граѓаните и на дадените ветувања, се вложуваат сите сили и се користат сите капацитети и ресурси, да се средат институциите на системот и Македонија да се стави на брза трка за економски раст и развој, кој ќе донесе просперитет за сите. Токму поради се ова, високи 51,7% од испитаниците на избори би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, додека на претседателот Мицкоски му веруваат 25,4 отсто, а доколку утре има избори на гласање би излегле високи 64,4% од граѓаните, односно две третини од испитаниците. Резултатите од ова истражување и големата доверба се потврда за досега сработеното, но исто така претставуваат и обврска ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски, попосветено и неуморно да продолжи со неуморната работа за подобар живот на сите во Македонија“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Tags: АнкетиВладаВМРО-ДПМНЕ
Next Post

Филипче: Анкетите на Маркет Вижн се платени од Владата, разликата ни одблиску не е точна

Најново

Мицкоски ги повика граѓаните да летуваат дома поради гужвите кон ЕУ

May 4, 2026

Јубилеен 25. ОФФест: Богат музички свет со фокус на Африка во првата недела од јуни

May 4, 2026

Груевски напаѓа од Будимпешта, Филков чека документи а СДСМ обвинува за саботажа

May 4, 2026

Која е Силвија Салис – поранешната олимпијка и актуелна градоначалничка на Џенова која би можела да ја сруши Мелони

May 4, 2026
Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис (4 мај): Активирање на визијата и слободата

May 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk