ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дамјаноска Спасеновска: Иако има делумна слобода на изразување, новинарите не ретко се соочуваат со притисоци

May 2, 2025 16:46
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Состојбата на медиумите во Македонија е комплексна и исполнета со предизвици, иако постојат и позитивни поместувања во одредени области. Иако има делумна слобода на изразување, новинарите не ретко се соочуваат со притисоци, а многу пати се забележува и автоцензура“, вели во разговор за Фронтлајн, новинарката Елизабета Дамјаноска Спасеновска, по повод Светскиот ден на слободата на медиумите.

ФРОНТЛАЈН: Како би ја опишале состојбата на медиумите во нашата земја?

Елизабета Дамјаноска Спасеновска: Состојбата на медиумите во Македонија е комплексна и исполнета со предизвици, иако постојат и позитивни поместувања во одредени области. Иако има делумна слобода на изразување, новинарите не ретко се соочуваат со притисоци, а многу пати се забележува и автоцензура.

Исто така, ретко се забележува разновидност на мислења, (понекогаш дури насловите на вестите се исти), иако во Македонија има голем број медиуми, особено он лајн портали. Од друга страна, би сакала да нагласам дека на македонскиот медиумски простор има професионални медиуми и новинари, но поради динамиката на работа, често се изоставува темелното информирање.

ФРОНТЛАЈН: Како го оценувате нивото на медиумските слободи и слободата на изразување?

Елизабета Дамјаноска Спасеновска: Кога станува збор за слободата на изразување, особено сум загрижена за безбедноста на новинарите, која се нарушува преку онлајн закани, притисоци и дискредитации.

ФРОНТЛАЈН: Кои се вашите препораки за унапредување на медиумите и зајакнување на медиумските слободи?

Елизабета Дамјаноска Спасеновска: За унапредување на медиумите и зајакнување на медиумските слободи во Македонија, потребен е сеопфатен пристап, кое ќе вклучи поддршка за истражувачко новинарство, обуки и менторски програми за новинари со што би се зголемил професионалниот и етичкиот стандард. Исто така, сметам дека неопходно е воведување програми за медиумска писменост во образовнниот систем со цел да се поттикне критичко размислување кај младите.

За крај, неопходно е брзо и ефикасно постапување при закани или напад на новинари. Од друга страна, и дел од новинарите неопходно е да го зголемат професионализмот, да прават двојна проверка пред објава на вест, и помалку да употребуваат клик-бејт наслови.

Дестан Јонузи

Tags: Елизабета Дамјаноска Спасеновскамедиуми
Next Post

Тројца тиквешани трчајќи го искачија врвот „Орле“

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk