ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Флора Шабани: Има случаи на вербални и физички напади врз новинари и судски процеси кои имаат цел да ги замолчат

May 2, 2025 09:17
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА

„Северна Македонија покажува одреден напредок во медиумската слобода, но реалноста сè уште е обележана со влијание од политички и економски центри на моќ, недоволна заштита на новинарите и проблеми со квалитетот и независноста на медиумските содржини“, вели водителката и новинарка на ТВ21, Флора Шабани во изјава за Фронтлајн, по повод  3 Мај, Светски ден на слобода на медиумите.

ФРОНТЛАЈН: Како би ја опишале состојбата на медиумите во нашата земја?

Флора Шабани: Медиумскиот пејзаж во нашата земја е разновиден, но се соочува со многу предизвици поврзани со професионализмот, политичкото влијание и финансиската одржливост.

Голем дел од медиумите се под директно или индиректно влијание на политички или бизнис интереси. Сè уште постои проблем со „copy-paste“ новинарството, недостаток на истражувачко новинарство и проверка на факти. Но сепак, има медиуми и новинари кои се залагаат за професионализам и етика.

ФРОНТЛАЈН: Како го оценувате нивото на медиумските слободи и слободата на изразување?

Флора Шабани: Нивото на медиумските слободи и слободата на изразување во нашата земја може да се оцени како делумно слободно, со одреден напредок во последните години, но сè уште со значителни предизвици.

Постојат различни медиумски гласови – и традиционални и онлајн – што овозможува различни погледи и мислења да бидат застапени во јавниот дискурс.

Но има случаи на вербални и физички напади врз новинари, како и судски процеси кои имаат цел да ги замолчат. Овие случаи неретко остануваат нерасчистени или неказнети. Новинарите понекогаш се принудени на самоцензура поради страв од губење на работа или од правни последици.

Северна Македонија покажува одреден напредок во медиумската слобода, но реалноста сè уште е обележана со влијание од политички и економски центри на моќ, недоволна заштита на новинарите и проблеми со квалитетот и независноста на медиумските содржини.

ФРОНТЛАЈН: Кои се вашите препораки за унапредување на медиумите и зајакнување на медиумските слободи?

Флора Шабани: Според мене овие се неколку клучни препораки за унапредување и зајакнување на медиумските слободи во Северна Македонија а тоа се обезбедување стабилно и независно финансирање преку законски механизми, поддршка за локални и регионални медиуми, унапредување на работните услови на новинарите, и донесување на закон за онлајн медиуми, со фокус на саморегулација и заштита на слободата на изразување, и чести кампањи за подигнување на јавната свест за лажни вести и дезинформации.

Дестан Јонузи

Tags: ЗНМсветски ден на слободата на печатотТВ21Флора Шабани
Next Post

Венс: Војната во Украина нема брзо да заврши

НАЈНОВО

БМВ планира ривал на Г-Класа за 2029 година

August 14, 2025

Продолжува потрагата по исчезнатите мигранти по двоен бродолом кај Лампедуза

August 14, 2025
Фото: Ви

Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

August 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Паника поради падот од 130.000 гласа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кандидатката за градоначалничка на Центар, Билјана Ивановска: Ќе се борам стандардот 3-33-300 да се воведе и во Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk