ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Костовски: Постои ли кај нас слобода на медиумите – е како да одговарате дали постои чудовиштето од езерото Лох Нес

May 3, 2025 09:56
in ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Постои ли кај нас слободата на медиумите – е како да одговарате на прашањето дали постои чудовиштето од шкотското езеро Лох Нес. Имено, за очекување е на рационалниот дел од човештвото дека треба еднаш да се рече дека ова суштество не постои. Но, ако се размисли каква штета би настанала ако го нема овој мит, пред се на локално ниво и во однос на погледите од надвор кон ова место, се јавува потребата да се задржи опцијата (или и таа да е во оптек) дека кој знае што се постои таму долу под површината на водата“, вели новинарот и политички аналитичар Љубомир Костовски во изјава за ЦИВИЛ Медиа, по повод 3 Мај, Светски ден на слобода на медиумите.

ЦИВИЛ МЕДИА: Како би ја опишале состојбата на медиумите во нашата држава?

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ: Утрово се обидов да добијам некои експертизи за ова прашање, во мојот обид, можеби вкоренет дефетизам во однос на оваа материја да добие поинаква визура. На ова прашање на Фејсбук (состојба на медиумите) добив одговор на темата – највеќе – во форма „состојба на патиштата“, па дефилираа земјоделието, градежништвото…

Поаѓам од тоа дека оваа тема едноставно не е присутна, а јас би ја дефинирал како потценета или во некои случаи и сокривана од јавната сцена. Мораме ли сега за тоа… е можната реакција со која едноставно не се сака да се реагира и покрај тоа што имаме многубројни форуми и институти кои преку експлоатација на тема добро живеат со децении. Зошто? Па белки ако имаме добри ефекти од дебатите ќе престане смислата на нивното постоење.

Сепак, клучот лежи секако во една наследена ситуација која е дел од постсоцијалистичкиот период во Источна Европа, кога анегдотата за „Сопрете го Ројтерс“ е само слика за потреба да се владее со „строго контролирани возови“ (алегорија на Јиржи Менцел) во областа на т.н. седма власт, па ги добиваме една Бугарија, каде една профанисана личност ги контролира сите медиуми (Перевски), една Словачка каде се убиваат новинари, една Унгарија со атрофиран плуразлизам во медумите, една Русија каде владее целосен тоталитаризам па и зборот „плурализам“ е забранет за употреба, а кога станува збор за поранешните сегменти од СФРЈ да не говориме, но со исклучоци, главно врзани за државите кои влегоа во ЕУ! Заклучокот е јасен зошто таму климата е поинаква.

Ова прашање вклучува пред се одговор на тоа дали постои безбедност на новинарите? Имаме измена на Кривичниот законик, кој сега ги препознава нападите врз новинарите како напад врз службени лица, кои треба да се решаваат по службена должност, како и назначувањето специјален обвинител одговорен за следење на кривичните предмети што вклучуваат напади врз новинари и медиумски работници. Динг! Ова се третира строго селективно, бидејќи, најчесто остануваат незаштитени аналитичките и слободни по духот новинари и тоа од сите страни, вклучувајќи ги дури и новинарските здруженија и форуми. Точноста на оваа констатација многу добро ја знаат во „Цивил“, пред сè.

Законот е изменет и го стеснува просторот моќни политички актери да вршат напади врз новинарите (се мисли на вербалните) ама заканите и нападите, дури и со основ за кривично гонење (закани по живот!) преминуваат на други, често анонимни заканувачи ама неказнети (без влакно на главата да им недостасува) и лица кои не се толку политички експонирани, но јасно се покажуваат, но се во услуга на нивни политички и олигархиски господари.

Се намалува бројот на непропорционални тужби кон новинарите ама во основа лошата клеветничка атмосфера ја прават новинарите против новинарите, а тоа речиси и не се заблежува низ некаков стабилен опсервирачки аналитикум.

Условите за работа на новинарите во Северна Македонија се незадоволителни. Тоа не се однесува само на платите и несигурните договори, туку и на непочитувањето на правата од работниот однос и случаите на вознемирување и малтретирање, особено на новинарките. Информативниот простор во Северна Македонија е строго централно раководен од најголемата десничарска партија преку силното и јасно видливото влијание врз сите форми на медиумско известување а со особен командно настроен (штабски) модел на управување дури и во најситни детали.

ЦИВИЛ МЕДИА: Како го оценувате нивото на медиумските слободи и слободата на изразување?

КОСТОВСКИ: Да се одговори на прашањето – постои ли кај нас слободата на медиумите – е како да одговарате на прашањето дали постои чудовиштето од шкотското езеро Лох Нес. Имено, за очекување е на рационалниот дел од човештвото дека треба еднаш да се рече дека ова суштество не постои. Но, ако се размисли каква штета би настанала ако го нема овој мит, пред се на локално ниво и во однос на погледите од надвор кон ова место, се јавува потребата да се задржи опцијата (или и таа да е во оптек) дека кој знае што се постои таму долу под површината на водата.

Па така е и со слободата на медиумите кај нас – ако ја кажете вистината ќе падне рејтингот на сите демократски институции и позиционирањето на земјата во релацијата со сите можни надворешни фактори! Како би оделе напред ако се признае дека слободата на медиумите е како суштество кое ползи на четири нозе, се витка за да опстане или да се презентира. Па многу е тешко напредокот воопшто да се мери од таа почетна позиција, па се измислува некаква поволна трамбулина, пред се од надворешните фактори, кои сакаат да ни помогнат на тој начин, ставајќи ни во стартот некаква „тројка“ за да добиеме почетнички ентузијазам. Но кога треба да одиме погоре во освојување на слободата, ние едноставно стоиме во место и на поширок план, во мерење на демократизацијата на земјата, како што е со децении случај. Подарената оценка не помогнала.

ЦИВИЛ МЕДИА: Кои се вашите препораки за унапредување на медиумите и зајакнување на медиумските слободи во државава?

КОСТОВСКИ: Пред се треба да се обезбеди јавна контрола врз оние институции што треба да го штитат јавниот интерес во однос на политизацијата на речиси сите медиуми (еднострана контрола, да додадам, да ја нема таа вештачка равенка дека се однесува на сите политички актери!).

Тука мислам, на пример на позицијата на ААВМУ која деценија и пол е монополизирана од еден центар за моќ! Таа треба да го контролира јавниот простор во име на општествените потреби и демократските традиции и пракси во земјите кои инаку служат како пример. По последниот предлог на имиња на идниот УО во Собранието на РМ морам да констатирам дека ќе имаме уште пожална ситуација, да речам дури и катастрофална, и со учество на кадровските кујни на речиси сите политички актери! Со овие институции се решаваат нечии приватни кадровски амбиции, процес што нарекуваме „ухлебување“ на место кое не бара труд, а носи медобносен стандард.

Слична е и со ситуацијата при бирањето на Советот на МРТ, што се одвиваше деновиве – коалицските договори меѓу партиите функционираат беспрекорно, но од тоа се уништува јавниот радио-телевизиски сектор. Не треба да кажам кој е добитникот во оваа распределба.

Ако не сме во состојба оваа непропорционалност да ја решиме и тоа преку селекција на навистина квалификуван, професионален кадар, тогаш и сето друго е залудно…

Преземено: Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: 3 мајмедиуми

НАЈНОВО

Вучиќ пред утрешниот протест ги одби барањата на студентите: Не прифаќаме ултиматум

June 27, 2025

Рекордни температури и пожари на Балканот, се очекува разладување

June 27, 2025

Синот на норвешката принцеза обвинет за силување и сексуален напад

June 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Над 216 илјади македонски граѓани обезбедиле бугарски пасош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Фрчкоски: Скандалозна некомпетентност на власта, назадуваме по сите линии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари: Ваљбон Лимани не е кандидат, тој е новиот градоначалник на Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски не разбирал што е тоа „модерен“ македонски јазик – предлогот што пратеници од сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ го поднесоа во ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петрова: Дискотеката „Пулс“ ја платила глобата за неправилности во готовинските плаќања, запечатен бил кафе-барот на истиот сопственик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk