Апелациониот суд во Штип одлучи дека е неоснована жалбата на Фадил Зејнелов против пресудата со која беше осуден на казна доживотен затвор за убиството на штипјанката Емилија Пешова.
-По одржана јавна седница на ден 24.04.2025 година, Апелациониот суд Штип донесе пресуда со која ја одби како неоснована жалбата поднесена од обвинетиот Фадил Зејнелов од Штип против пресудата на Основниот суд Штип од 12.02.2025 година по однос на изречената санкција, со која пресуда обвинетиот е огласен за виновен за кривично дело „Убиство“ од чл.123 ст.2 од КЗ – извршено при вршење на семејно насилство над сега покојната Емилија Пешова од Штип, и за кое е осуден на казна доживотен затвор, соопштија од Апелациониот суд.
Согласно оваа одлука на Апелациониот суд Штип, пресудата на Основниот суд Штип е правосилна и извршна, а сторителот на кривичното дело веќе се наоѓа на издржување на казната доживотен затвор.
Зејнелов свирепо ја уби Пешева на 1 ноември лани во близина на нејзиниот дом во напуштен објект на ЈП „Исар“.