ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

May 10, 2025 20:15
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ЕКОНОМИЈА, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, во интервју за Фронтлајн остро ја критикува Владата предводена од Христијан Мицкоски, оценувајќи ја како најслаба извршна власт во поновата историја на земјата. Таа посочува дека токму економската несигурност и опаѓачките животни стандарди се највидливиот доказ за неспособноста на актуелното раководство.

„Народот тоне во сиромаштија, платите не се исплаќаат навреме, а Владата одбива да ја зголеми минималната плата на 500 евра – што е минимум за пристоен живот“, вели Костова. Притоа, додава дека економските индикатори укажуваат на пад на индустриското производство и на извозот, зголемени трошоци за живот, а странските инвестиции, според неа, се повлекуваат од земјата.

„Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, владините функционери трошат народни пари за луксузирање со егзотични производи, скапи ресторани и екскурзии во САД, ОАЕ и Јапонија“, нагласува таа, оценувајќи дека ваквото расипништво не е придружено со никакви реални резултати на надворешен план.

Костова ја коментира и политичката нестабилност во владејачката коалиција, особено по заминувањето на Арбен Таравари од ВЛЕН. „Скандалите и лошиот старт на Владата се директно рефлектирани и во коалициските превирања. Ова е Влада што се занимава самата со себе, наместо да испорачува резултати“, вели таа.

Говорејќи за евроинтеграциите, Костова истакнува дека за време на СДСМ Македонија беше лидер во реформите и се движеше рамо до рамо со Албанија, додека сега, по само десет месеци под ДПМНЕ, е исклучена од сите планови за ново проширување на Европската Унија.

„Македонија е симната од масата. Наместо да преговараме рамноправно со ЕУ, ДПМНЕ ја врати државата во билатерални расправии и свесно ја закочи на европскиот пат“, вели Костова. Според неа, тоа е и суштинската цел на владејачката партија – одржување на хаос и неизвесност, додека соседите напредуваат кон европското семејство.

СДСМ, подвлекува Костова, останува доследен на својата проевропска ориентација и очекува ДПМНЕ јавно да се изјасни за тоа како ќе го деблокира евроинтегративниот процес кој самиот го блокира.

Поврзано: 

Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

 

Tags: интервјуКристина КостоваМицкоскиФронтлајн
Next Post
Фото: Ви

Путин предлага директни разговори меѓу Русија и Украина в четврток во Истанбул

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk