ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Имаме организиран пристап и ќе продолжиме да помагаме на семејствата на настраданите во кочанската дискотека, порача Мицкоски

May 22, 2025 12:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски со најголем дел од родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани се има видено и како што рече ќе продолжи да се гледа, разговара и ќе им се помогне на семејствата на повредните.

-Апсолутно имаме организиран пристап и со родителите се видов, најголемиот дел од родителите и ќе продолжам да се гледам, да разговараме, да помагаме и за оние коишто се повредени и за оние коишто за жал ги загубија своите најмили, изјави премиерот Мицкоски, кој во Општина Желино денеска одговараше на новинарско прашање дали се следи состојбата и се помага на семејствата на загинатите и повредните во кочанската дискотека „Пулс“.

Мицкоски  го повика и обвинителството да ги преиспита сите случаи во минатото кои како што рече беа заташкани, а меѓу нив се случаите во модуларната болница во Тетово, потоа Ласкарци, Беса транс, а вклучително како што рече и последниот во Кочани. Ова е дел од пораката на премиерот Мицкоски, кој одговараше на новинарско прашање за  одговорноста за пожарот во модулрната болница во Тетово и поддршката за семејствата кои имаат загинато свои блиски.

-Секој којшто има и најмала вина, вклучително и јас да биде одговорен, без разлика од која политичка партија доаѓа, изјави Мицкоски.

Претседателот на Владата  одговори дека семејствата кои имаат загинато свои блиски во модуларната болница во Тетово  апсолутно ја имаат неговата поддршка, но посочи дека истрагата околу овој случај не ја води Владата, туку обвинителството.

– Пресудата ја носат судовите. Ние многу пати во минатото сме кажале дека тие ниту имаат кредибилитет, ниту имаат легитимитет, бидејќи судиите и обвинителите во минатото знаете каде се собираа, во штабовите на СДСМ и на Демократската унија за интеграција и логично е што вие очекувате, какви пресуди да носат тие судии, тие обвинители, рече Мицкоски.

Премиерот Мицкоски истакна дека е и логично дека таквите судии и обвинители ќе носат такви пресуди, како што е пресуда за братот на поранешен министер и како што вели „нема сигурно да донесат поинаква пресуда“.

-Тие судии, тие обвинители така ќе обвинуваат и така ќе судат се додека не настане целосен ресет на системот, а за да настане целосен ресет, ние сакаме да ги почитуваме законите и Уставот. Ние не сакаме да работиме дивјачки, како што тоа некој го правеше во минатото. Апсолутно додека јас сум премиер, гарантирам правда за секого, нема граѓани од прво и втор ред. Сите сме исти пред Уставот и законите и така ќе продолжиме да функционираме, рече Мицкоски. 

Next Post
Генерирано со ВИ

Научниците создадоа „временско огледало“ – бран што се движи наназад во времето

Shortcut

Најново

Алиу: Првото психолошко советувалиште за деца и адолесценти отвора нов пристап кон менталното здравје

June 6, 2026

Филипче: На што ќе се вади сега Мицкоски после пораките на Мерц и Макрон?

June 6, 2026

Случај „Мазут“: Може ли да има кривично дело ако нема утврдена штета?

June 6, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

June 6, 2026

„Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  •  „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk