ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Аце Циганот“ по 27 години бегство се враќа во Шутка, му се отвара ли патот и на Груевски за да слета во Скопје

May 28, 2025 10:58
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПРАВДА
Фотомонтажа: Фронтлајн

Фотомонтажа: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Oсудениот за убиство Ацо Боцевски, познат под прекарот Циганот, кој беше во бегство 27 години, е уапсен во грчкиот град Катерини, потврди МВР.

„На 26.05.2025 од страна на грчката полиција сме известени дека го лишиле од слобода Ацо Боцевски кој беше баран со меѓународна потерница по наредба на Основен суд Скопје І од 30.06.1998 година за издржување казна затвор во траење од 15 години за извршено кривично дело по член 123 (убиство) од Кривичниот законик на РСМ“, велат од МВР.

Прекарот „Аце Циганот“ го добил по насилна интервенција во дискотеката „Хард рок“ во Скопје, додека полицијата го бара по меѓународна потерница за убиството на бизнисменот Сеад Ибрахими од Драчево – Скопје. На убиството му претходела неколкуминутна бркотница со автомобил низ скопските улици. Автомобилот „мерцедес“ со кој управувал Ибрахим излетал од патот во близина на зградата на осигурителната компанија „Kjуби“, додека зад него бил Боцевски кој пукал во Ибрахим. Боцевски на 30 јуни 1998 година беше осуден на 15 години затвор, а по затворањето – мистериозно беше ослободен и успеа да ја напушти државата.

Иако беше осуден, Боцевски побегна откако му беше дозволен домашен притвор, и со години успешно го избегнуваше органите на прогонот. За него е распишана една од најстарите меѓународни потерници на МВР.

По бегството, Боцевски извесно време се криеше во Србија, каде и јавно се појавуваше пред телевизиските камери заедно со ликови од белградското подземје за време на бомбардирањето на земјата од НАТО во 1999. Со неговото апсење, се очекува екстрадиција во Македонија, каде треба да ја издржи затворската казна.

Меѓународна потерница е распишана и по поранешниот премиер на Северна Македонија, Никола Груевски, кој е обвинет од Специјалното јавно обвинителство за тешки кривични дела за големи финансиски злоупотреби и злоупотреба на службената положба. Тој успеал на „шверцерски“ начин да ја напушти земјата и да се засолни во Унгарија, земја каде што добил статус на азил.

„Сините“ униформи трагаат по 400 сторители на кривични дела кои успеале да избегнат соочување со правдата. 90% од сторителите на кривично дело се мажи, додека 10% се жени. Министерството за внатрешни работи со меѓународни потерници трага по 103 сторители, додека повеќе од половина од нив, 57, се распишани во последните пет години.

„Се бараат околу 400 лица со меѓународна потрага. Најчесто се гонат за тешки кражби, кражби, помалку за разбојништва, насилство, измами, фалсификување, убиство и многу мал процент за обљуба – околу 5%. Мажи се околу 90%, додека жени околу 10%. Има неколку потерници од 2000 год за кривични дела, „Убиство“, Недозволена трговија со оружје и недозволена трговија со дрога“, велат од МВР.

Според статистиката на МВР, над 90 отсто од бараните со меѓународна потерница имаат македонско државјанство, додека 10 отсто имаат странско државјанство.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Аце ЦиганотМВРНикола Груевскипотерници
Next Post

Врачување на наградата „Роман на годината“ на Калина Малеска

НАЈНОВО

ДИК отфрли четири приговори и прифати еден за заштита на лично избирачко правo

October 18, 2025

ДИК поништи потврдена листа за членови на Совет на Град Скопје поради кандидирано починато лице

October 18, 2025

„Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 18 и 19 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk