ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Историски чекор во државното здравство-вградени првите пенилни протези на Универзитетската клиника за урологија

May 29, 2025 11:27
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Клиниката за урологија во Скопје испиша ново поглавје во македонската медицинска историја. За првпат, во државното здравство, беа извршени три успешни операции на вградување пенилни протези, со што Македонија се вклучи во редот на најнапредните здравствени системи што нудат врвни решенија за хируршкото решавање на органската еректилна дисфункција.

Овој иновативен третман е наменет за пациенти кај кои конвенционалните медикаментозни терапии не даваат резултати, особено за лица со долгогодишен дијабетес, кардиоваскуларни заболувања, претходни обемни хируршки интервенции, жртви на сообраќајни несреќи и други здравствени состојби, поради кои, пенилната имплантација е крајно решение. Една од овие индикации е и Пејрониева болест, каде постои силно изразен деформитет на пенисот. Еректилна дисфунција е состојба кога пациентот не може да постигне или да одржи ерекција. Ова е сериозен проблем со кој се соочуваат околу 30 проценти возрасни мажи. Со стареењето, процентот се зголемува, а причините, не секогаш се психолошки.

„Вградивме пенилни протези на двајца пациенти на возраст од 45 и 59 години, кои претходно се оперирани од карцином на простата, додека третиот страда од Пејрониевата болест — нарушување на сврзното ткиво на самиот полов орган, при што доаѓа до закривување на пенисот. Пациентите добро се опоравуваат, а проценките се дека по оперативниот зафат е потребен болнички престој од три денови. Со оваа процедура не само што овозможуваме значително подобрување на сексуалната функција кај пациентите, туку влијаеме позитивно и врз нивната психолошка стабилност и севкупен квалитет на живот. Протезната хирургија е врвот во реконструктивната урологија и се фокусира на обновување, не само на анатомијата, туку и на функцијата на урогениталниот систем кај пациенти со сериозни оштетувања.“, вели д-р Огнен Ивановски од Универзитетската клиника за урологија, кој ги изведе операциите заедно со реномираниот уролог д-р Марчел Рaд од Медицинскиот факултет во Романија, член на Европскиот одбор за урологија.

Ваквите оперативни зафати целосно се покриени од Фондот за здравствено осигурување на Р.С. Македонија и претставува нова услуга во јавното здравство. Клиниката предвидува годишна потреба од 15 протези. Досега, од Клиниката за Урологија ваквите пациенти се препраќаа во приватните и странските медицински центри, каде на ФЗОРСМ му се наплаќаше неколкукратно повисока цена.

“Како што оваа медицинска интервенција е достапна и покриена од здравственото осигурување во светските водечки медицински центри, така и кај нас, овие оперативни зафати, целосно се финансирани од Фондот за здравствено осигурување на Р.С. Македонија, што е голем исчекор и новина во рамките на јавното здравство.”, истакна директорот на клиниката, д-р Башким Шабани.

Постојат строги медицински критериуми на кој потенцијален пациент му е неопходна пенилна протеза. Стручниот колегиум на Клиниката индивидуално ги разгледува случаите и одлучува дали пациентот ги исполнува условите за ваков тип хируршка интервенција. Постојат два вида протези за еректилна дисфункција, кои ќе бидат хируршки вградувани на потенцијалните пациенти: поставување на инфлантибилна трокомпонентна пенилна протеза и поставување на семиригидна пенилна протеза.

Честопати еректилната дисфункција претставува прв симптом за идна кардиоваскуларна болест, дијабетес или хипертензија. Најчесто, лекувањето започнува со употреба на лекови. Доколку тие не помогнат или пациентот не смее да ги користи, следниот чекор е хируршко решение. Во такви случаи, според стручните препораки на Европската асоцијација за урологија, може да се вгради пенилна протеза – уред што овозможува мажот повторно да има нормална ерекција. Овој третман е ефикасен и може целосно да го реши проблемот кај мажи, кога другите терапии не даваат резултати.

„Со овој современ метод се поставуваат специјални цилиндри во кавернозните тела на пенисот, место кое нормално се полни со крв за време на ерекција. Цилиндрите се поврзани со мала пумпа, сместена под кожата помеѓу тестисите, така што пациентот лесно може да ја допре и активира. Системот функционира со помош на резервоар полн со стерилен физиолошки раствор, кој е сместен длабоко во карлицата, во близина на мочниот меур, и не се гледа однадвор. Кога пациентот ја активира пумпата, течноста се префрла од резервоарот во цилиндрите, што предизвикува ерекција. По завршување на односот, со едноставно притискање на копче, течноста се враќа назад во резервоарот, а пенисот се враќа во опуштена состојба.“, објаснува д-р Ивановски.

Имплантираната протеза може да почне да се користи шест недели по операцијата, а нејзиниот век на траење зависи од самата протеза, но и од начинот на однесување на пациентот. Како и кај секој хируршки зафат, постои ризик од компликации, како инфекции, кои се јавуваат во два до три проценти од случаите, потоа дефект на самата протеза, а како најсериозна, но ретка компликација, се наведува поместување на протезата од нејзиното лежиште. Ризикот од инфекција дополнително се намалува благодарение на антибиотскиото премачкување на силиконските цилиндри од пенилните протези, вградени кај пациентот.

Next Post

Митева: Со Оперативниот план за вработување треба да се промени логиката на државната поддршка

Shortcut

Најново

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk