ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Учество на началникот на Генералштабот на Армијата на 18. конференција на началниците на Генералштабовите

May 29, 2025 10:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, вчера учествуваше на 18. конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји (форум „BCHOD“), која се одржа во Истанбул, Република Турција, известуваат од Генералштабот на Армијата.

Оттаму информираат дека годинашната конференција, која се одржа на тема „Визија за употребата на беспосадни системи во идните оперативни средини“, беше отворена од страна на домаќинот, началникот на Генералштабот на Република Турција, генерал Метин Ѓурак.

Генералот во своето обраќање најпрво истакна дека форумот „BCHOD“ претставува успешна приказна за регионална соработка, а тоа треба да ги направи учесниците горди за прикажаните напори во зајакнување на регионалната безбедност преку воената соработка. Навраќајќи се на темата на конференцијата, истакна дека предизвиците од времињата во кои живееме, несигурната и комплексна иднина која се обликува од новите трендови, како беспосадните системи, бараат уште поинтензивна соработка помеѓу вооружените сили.

Претседавачот на Воениот комитет, адмиралот Џузепе Каво Драгоне, за кого ова е прво појавување на овој форум и негова прва посета на Република Турција, во своето излагање ја нагласи стратегиската вредност на Балканот нагласувајќи: „Овој регион продолжува да биде помеѓу најважните приоритети на НАТО“. При ова генералот Драгоне ги потенцираше придобивките и потребата за континуирана воена соработка помеѓу балканските земји.

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, во своето обраќање потенцираше дека се наоѓаме во исклучително важен период, а одлуките кои се носат ќе дефинираат како ќе се развива воената моќ во иднина. Генералот Лафчиски наведе дека Армијата на Република Северна Македонија го препознава значењето на беспосадните системи и активно работи на модернизација и зајакнување на овие капацитети.

Навраќајќи се на важноста на форумот, генералот Лафчиски наведе дека треба да се продолжи со одлучност, заедништво и цврста определба за напредок, бидејќи така ќе се изгради поцврста, понапредна и поотпорна Армија и Алијанса.

Во рамки на конференцијата, генералот Лафчиски оствари и билатерални средби и се запозна со капацитетите на одбранбената индустрија на Република Турција.

На конференцијата, покрај домаќинот, началникот на Генералштабот на Република Турција, генерал Метин Ѓурак, началникот на Генералштабот на Армијата генерал- мајор Сашко Лафчиски и претседавачот на Воениот комитет, адмиралот Џузепе Каво Драгоне, учествуваа и началниците на Генералштабовите на армиите на: Грција, генерал Димитриос Чоупис; Србија, генерал Милан Мојсиловиќ; Романија, генерал Ѓеоргита Влад; Босна и Херцеговина, генерал-полковник Гојко Књежевиќ; Бугарија, адмирал Емил Ефтимов; Албанија, генерал-мајор Арбен Кинџи; Словенија, генерал- потполковник Роберт Главаш, како и началникот на штаб на Црна Гора, полковник Митар Кликови и директорот на Генералштабот на Хрватска, генерал-мајор Денис Третињак.

Форумот „BCHOD“ е основан на иницијатива на Грција и Турција во 2006 година.

Официјално иницијативата е воспоставена со потпишување на „The Terms of Reference of the Balkan Countries' CHODs Conference on Military Cooperation“ од страна на началниците на Генералштабовите на балканските земји на 10 мај 2007 година во Брисел. Главната цел на оваа иницијатива е промоција на стабилноста, соработката и добрососедството на земјите во регионот.

Tags: Генералштабот на АрмијатaКонференцијаначалниците на Генералштабовите
Next Post

Политико: Сите вработени во Глас на Америка очекуваат оваа недела отказ

Shortcut

Најново

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk