ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски преку реторика анти-ДУИ, облекува „патриотска“- анти-државничка облека!

June 10, 2025 11:12
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Господине Премиере, престанете со реториката од која овие граѓани се презаситени сега и пред повеќе од три децении. Верувам дека сте свесни дека премиерот било каде во светот не е оној што затвора и ги таргетира оние што треба да бидат затворени, туку институциите и законските процедури. Премиерот само ги модерира јавните политики за да се спроведуваат овие процедури и закони. Покрај тоа, ние сме парламентарна република, а не владина република“, вели политичкиот аналитичар Ќенан Алиу, зборувајќи за политичката реторика на премиерот Мицкоски против неговите политички противници.

Ќенан Алиу

– Не е работа на премиер постојано да нагласува која партија треба да се реформира и како да се реформира, бидејќи тоа е прашање што во крајна линија им припаѓа на членовите на партијата, тие знаат дали ќе ја реформираат партијата или таа ќе остане каква што е. И кога зборуваме за реформа на партијата, ве прашувам – дали навистина мислите дека ВМРО-ДПМНЕ што ја предводите е реформирана партија? Без сомнение, не. Бидејќи реториката, стилот и методите на дејствување се речиси исти како порано, иако малку поинаку форматирани, вели Алиу.

За време на изборната кампања за таква реторика, вели тој, можеме да ве разбереме, иако беше претерано, но како Премиер не.

– Иако тогаш имавте за цел да ја вратите Македонија назад во ваши раце, и ни е јасно чии раце мислевте. Но, бидете внимателни, нема да можете да ја вратите Македонија според вас, назад во ваши раце, можете да ја влечете длабоко во калта. И не се осмелувајте да дозволите ова да се случи затоа што Македонија е исто толку ваша колку што е моја. Ако одите со темпото дека целата ЕУ и соседите грешат и дека вистината е само онаква каква што тврдите, грешите, подвлече тој.

Според него, ако Мицкоски толку ја сака Македонија, треба да се однесува подеднакво кон сите што се родиле, живеат и дејствуваат во неа.

– Заборавете на стратегиите за поделба на албанскиот политички фактор. Можеби стратегијата веќе ви е прочитана во џебот, а ние ви ја дешифрираме друг пат, само за да ве убедиме дека ја знаеме, вели тој.

Изјавата на Мицкоски доби и многу реакции на социјалните мрежи:

„Христијан Мицкоски, ти не зборувај за корупција! Каде ти е половина партија? Каде ти е поранешниот лидер? Дали се наоѓа на американската црна листа? Дали знаеш како е изградена седиштето на партијата што ја водиш? ВМРО-ДПМНЕ нема право да зборува за корупција. Ти не се разликуваш ниту од Груевски, ниту од Георгиевски, кои ја исцедија државата и народот“. Вакви пораки можеа да се забележат насекаде.

Политичкиот аналитичар Дритон Зенку вели дека Мицкоски и САД се две спротивставени страни и тој не може да знае кој влегува, а кој излегува од црната листа.

– Блерим Беџети станал опсесија на премиерот. Претходниот пат изгуби контрола кога од собраниската говорница изјави дека ќе постапи според неговиот закон. Заканите од типот „ќе ве извадиме за уво од дома“ претставуваат голема нервоза од страна на премиерот. Секоја несреќа што ѝ се случува на оваа влада се алудира на ДУИ. И кога зборува Данела Арсовска, и кога некоја партија излегува од владата, и кога се случуваат настани како трагичниот случај во Кочани. Мицкоски ја избра ДУИ за да води политички игри, бидејќи преку ДУИ облекува патриотска облека и преку ДУИ пали кај својот електорат. Но, колку повеќе ја напаѓа ДУИ, толку повеќе ја рехабилитира кај албанскиот електорат. Мицкоски ги доби изборите со обвинувања против ДУИ и останува на власт продолжувајќи да ја обвинува истата партија. И понекогаш се создава впечаток дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имаат некаква координација. Мицкоски им ја одзема политичката моќ на ВЛЕН во Владата, а од друга страна ја напаѓа ДУИ. ДУИ расте секогаш кога Мицкоски се занимава со неа, анализира Зенку за Фронтлајн.

Премиерот Христијан Мицкоски јавно ѝ објави „војна“ на најголемата партија на Албанците во Северна Македонија, Демократската унија за интеграција. Тој во својот говор во Велес по повод годишнината на УМС на ВМРО-ДПМНЕ најави правда и борба против системот кој ги штити криминалците и борба за реформи и декласирање и превоспитување на ДУИ.

– Сакам да порачам дека наредните два изборни циклуси локалните избори кои следат, и парламентарните избори, кога и да се одржат, ќе биде борба за две големи работи од кои зависи иднината на државата. Првата е правдата и борбата против системот кој ги штити криминалците, втората борбата за реформи и декласирање и превоспитување на ДУИ. И како што ветив дека ДУИ ќе оди во опозиција и тоа беше моето прво исполнето ветување на оваа гарнитура така сега ви кажувам во оваа држава мора да има ред и да се почитуваат законите, нагласи премиерот.

Поранешната пратеничката на ДУИ, Арта Билали Зендели, вели дека колку повеќе премиерот зборува за испраќање на ДУИ во опозиција, толку повеќе Конкурси со нула Албанци ни се појавуваат пред очи.

– Затоа што, неговата кауза „ДУИ во опозиција“ сега се реализира како кауза „Нула Албанци во разни Конкурси“. Нека се обиде да ги почитува Албанците и нивните демократски права со тоа што ќе им даде соодветен институционален простор, бидејќи ДУИ Е ВО ОПОЗИЦИЈА, реагираше пратеничката.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВМРО-ДПМНЕДУИетно-национализамХристијан Мицкоски

НАЈНОВО

Ципрас и Заев им ја доделија Преспа наградата за мир на режисерите на документарниот филм „No Other Land“

June 10, 2025

МТФ „Војдан Чернодрински“: Пренесувањето на „Ричард трети“ на Албанскиот театар во денешно време е одлично дело поставено на театарската сцена

June 10, 2025

Тежина, звук и дамка: Клуч за избор на совршена лубеница

June 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Падна ChatGPT

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ги доби ли премиерот двете илјадарки да купи 62 свеќи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Били Ајлиш и Нат Волф потврдија романса со бакнеж во Венеција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не, не се разбираме расисту филип т. петровски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски преку реторика анти-ДУИ, облекува „патриотска“- анти-државничка облека!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk