„Mицкоски и САД се две спротивставени страни и тој не може да знае кој влегува, а кој излегува од црната листа“, вели во изјава за Фронтлајн, политичкиот аналитичар Дритон Зенку.
– Блерим Беџети станал опсесија на премиерот. Претходниот пат изгуби контрола кога од собраниската говорница изјави дека ќе постапи според неговиот закон. Заканите од типот „ќе ве извадиме за уво од дома“ претставуваат голема нервоза од страна на премиерот. Секоја несреќа што ѝ се случува на оваа влада се алудира на ДУИ. И кога зборува Данела Арсовска, и кога некоја партија излегува од владата, и кога се случуваат настани како трагичниот случај во Кочани. Мицкоски ја избра ДУИ за да води политички игри, бидејќи преку ДУИ облекува патриотска облека и преку ДУИ пали кај својот електорат. Но, колку повеќе ја напаѓа ДУИ, толку повеќе ја рехабилитира кај албанскиот електорат, вели Зенку.
Според него, Мицкоски ги доби изборите со обвинувања против ДУИ и останува на власт продолжувајќи да ја обвинува истата партија.
– И понекогаш се создава впечаток дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имаат некаква координација. Мицкоски им ја одзема политичката моќ на ВЛЕН во Владата, а од друга страна ја напаѓа ДУИ. ДУИ расте секогаш кога Мицкоски се занимава со неа, смета тој.
Дестан Јонузи
Поврзано:
Мицкоски преку реторика анти-ДУИ, облекува „патриотска“- анти-државничка облека!