ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

„Кој е следен?“: Наместо поддршка, семејствата на жртвите од Кочани од Мицкоски добиваат обвинувања

June 12, 2025 16:17
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПРАВДА, ТРАГЕДИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Поминаа речиси три месеци од трагичниот настан во Кочани, кога 62 млади животи беа загубени во пожар во дискотека која, како што беше обелоденето, работела без лиценца и без основни безбедносни протоколи. Но, наместо институционална поддршка и одговорност, семејствата на жртвите се соочуваат со „молк, игнорирање, а сега и со обвинувања“, реагира Иницијативата „Кој е следен?“ во своја најнова објава.

Повод за реакцијата е изјава на премиерот, во која, како што се наведува, родителите биле обвинети дека „ја напаѓаат власта од политички побуди“.

„Тоа е крајно неодговорна и срамна изјава“, наведуваат од иницијативата. „Наместо сочувство и институционална поддршка, гледаме обид за дефокус – од суштината, од болката, од системската корупција што доведе до оваа трагедија.“

„Родителите протестираат зашто го изгубиле највредното нешто – децата. Протестираат за да не се повтори истото. Протестираат за правда. Тоа не е политички напад, туку човечка болка која бара одговорност“, стои понатаму во реакцијата.

Од иницијативата потсетуваат дека токму државата има обврска да се грижи за повредените и нивните семејства:
„Да ги потсетиме властите: граѓаните веќе донирале – преку своите даноци. Не е нивна должност да собираат донации за повредените и нивните семејства. Тоа е обврска на државата. На институциите. На тие што се платени да служат, не да обвинуваат.“

Како посебно неприфатливо го посочуваат и тоа што властите најавуваат инфраструктурни решенија до 2030 година, додека „на Кочани сега му треба поддршка. Конкретна. Финансиска. Психолошка. Правна. А најмногу му треба задоволена правда.“

„Ова не е момент за политички калкулации. Ова е момент за човечност, одговорност и солидарност. Сè друго е бегање од вина и соучесништво во неказнивост“, предупредуваат од иницијативата.

Тие најавуваат дека ќе продолжат со протестите:
„Одиме во Кочани. Оваа сабота, следната, секоја наредна, додека болката не се претвори во правда. Додека овие луѓе не го добијат тоа што системот им го должи. Додека повредените не добијат здравствена помош, додека семејствата не добијат финансиска помош, додека правдата не затропа на вратите на оние кои целата наша историја не горат, гушат, газат и уништуваат.“

Редакција Фронтлајн

Tags: Кој е следен?КочаниМицкоски
Next Post

Нападнат малолетник во Марино, настанот снимен со мобилен

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk