ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

(ФОТО) Доделени наградите на 59. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

June 14, 2025 10:46
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Со доделување на наградите на најдобрите театарски остварувања на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“, синоќа во Прилеп заврши 59 Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Најдобра театарска претстава во целина, според фестивалското жири, е претставата „12“ на МНТ од Скопје. Оваа претстава ја понесе и специјалната награда за колективна актерска игра.

-Театарот е местото каде невидливото станува видливо, според Питер Брук. Верувам дека секој спектакл е едно патување и упатување кон непознатото во човечкото суштествување. Во претставата „12“ во актерската работа има внатрешна вистина на преживувањето, психолошка праведност и актерство што плени. За мене „12“ е исклучително актерско достигнување на секој актер од екипата, изјави претседателката на фестивалското жири Лилија Абаџиева.

За директорот на МНТ од Скопје, Никола Кимовски, наградата доаѓа кога театарот одбележува 80 години постоење.

-Бидејќи оваа година МНТ одбележува 80 години постоење, оваа награда е од големо значење како за актерскиот, така и за техничкиот и целокупниот колектив на Македонскиот народен театар. Освоивме три награди. Притоа ја добивме значајната награда на Фестивалот „Петре“ , исто за „12“, а мора да ја споменам и поледната награда што ја добивме на Стеријино позорје“, прва по последната награда од 1986 година, па така, оваа награда е од особено значење, зашто театарот во овој момент, освен актерите, го сочинува и целиот колектив, изјави Кимовски.

Уметничкиот директор на Фестивалот Ана Стојаноска  посочи дека Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ со своето 59. издание оди во нашата колективна меморија и како што рече, го затвораме со чувство на мир и исполнетост на сите зададени цели и визии, за, како може, покрај сите предизвици, да се смееме и да се осмелиме на сето тоа во и околу нас.

-Ова е фестивал на сите театри во Македонија и заслужува да биде третиран како таков. Ова, во Прилеп, е местото што ги спојува сите идеи, креативни процеси, конструктивни дијалози, ова е платформата на заедничкото театарско живеење. За жал, сѐ уште не сме дојдени до реализација на таа идеја – сите да работиме за уште поуспешен фестивал, рече Стојаноска при затворањето на Фестивалот.

Актерот Оливер Митковски е посебно горд што ја доби наградата за епизодна улога „Димче Трајковски“ во претставата „12“.

-Особено ми е драго што сега ја добивам фестивалската награда. Последниве години фестивалот се искачува на повисоко ниво. Станува сериозна институција, рече Митковски.

Марија Минчева Андонов со возбуда ја доби наградата за најдобра главна женска улога во претставата „Сите прекрасни нешта“ на штипскиот театар

-Му благодарам на Фестивалот за наградата кој е срцето на македонскиот театар. Поттик е да работиме сите на себе., рече Минчева Андонов.

За доботникот на наградата за најдобра главна машка улога Мартин Мирчевски во претставата на битолскиот театар „Црно семе“ сето било едно големо патување, авантура.

-Сето побуди големи емоции кај самата екипа, а тоа се рефлектираше, се надевам, а така беше според аплаузот, и кај публиката. Среќен сум шрто сум дел од таа екипа на битолскиот театар со кој направивме добра претстава, изјави Мирчевски.

Сашко Костов, добитникот на наградата за најдобра музика „Филип Стефановски“ за музиката во претставата на велешкиот театар „Рацин“ рече дека е премногу радосен за награда по 14 години работа во театарот. Претставата е емотивна, инспирацијата за музиката доаѓа до актерскиот изрз и, набрзо, нумерите од претставата ќе се најдат на носач на звук.

-Инспирацијата доаѓа на сцената. Од изразот на актерите. Ја работиме музиката од претставата „Рацин“. Набрзо ќе излезе првиот сингл, а до крајот на годинава и целосната музика од претставата „Рацин“ на велешкоот театар, рече Костов.

Публиката во прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ со бурен аплауз ги награди добитниците на годинашните награди за најдобрите театарски остварувања.

Во чест на наградените, театар Комедија од Скопје ја изведе претставата „Вистината“ во режија на на Владимир Јурц со што е спуштена завесата на 59. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ што се одржуваше во Прилеп од 6 до 13 јуни.

Tags: МТФ „Војдан Чернодрински”награди
Next Post

Колку со задолжување може да се креира раст на БДП?

Најново

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош, власта го штити

April 21, 2026

Ново откритие на Марс: Роверот на НАСА детектираше органски соединенија во кратерот Језеро

April 21, 2026
Илустрација: No Music for Genocide

Роџер Вотерс, Масив Атак, Питер Габриел и над 1.000 музичари повикаа на бојкот на Евровизија 2026 поради учеството на Израел

April 21, 2026
Фото: Лилјана Алтипармакова, ФБ

Почина Лилјана Алтипармакова, новинарка и уредничка во МРТВ

April 21, 2026
Венко Филипче и Зоран Заев на прослава на 35-от роденден на СДСМ (фото извор: ВМРО-ДПМНЕ)

Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

April 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk