ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Кратка тажна приказна од нашето секојдневие…

June 16, 2025 12:56
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЈАНИ МАКРАДУЛИ

Летото доаѓа, а со него се враќаат и студентите и специјлизантите од европските градови. Како по навика, прво, средба со друштвото во кафана. Меѓу масите, тазе вработените го чекаат студентот „партискиот брат“ од постдипломски и медицинската пракса. Муабетот е гласен, брзо ја поклопува атмосферата у кафаната.

Студентот го оправдува доцнењето:

– А бе брат, што е ова по маркетите? Цени до небо!

Тазе вработениот (се смее):

– Ај бе, да не јадеш таму цреши секој ден? Тука мангото и папајата се во мода.

На телевизорот, наместо фудбал, избор на нов министер.

Студентот (со чудење):

– А бе, не беше ли овој со комуњарите во влада? Сега „наш“ е?

Партиските другари:

– Да бе брат, трансфер период е, некаде фудбалски, кај нас политички.

Студентот (со сериозен тон):

– Ама ова личи на политичка корупција. Напушташ партија за функција? Зарем нема никој доктор од ВЛЕН кој се борел како опозиционер? Јас знам многу лекари, колеги, многу стручни, од разни области кои беа со нас у опозиција.

Еден од домаќините (дига чаша):

– Ај бе, остави ја политиката. Сега ПАК владее молк на неутралните. Си тераме гордо, брат!

Студентот:

– Добро, ама нешто не ми чини. Гледам од страна, ништо не се движи. ЕУ ја баталивме, а периметарот се помал.

Еден од присутните (иронично):

– Леле брат, што ти направила туѓината, таа без ум те оставила! Профа до 4-та економија нѐ донесе. На плажа кога одиме кај јужниот сосед (и не прашувај за договорот од Преспа, тоа е ремек дело сега), Холанѓани и Данци ни се клањаат. Учебници по економија ни бараат! Многу сме јаки.

Студентот (со горчина):

– Ако сме толку јаки, зошто не ѝ го зголемивте минималецот на мајка ми? Да не морам по пракса уште и да работам, за да праќам дома пари.

Трет другар (мешајќи се):

– Ај, живели! Остави ја сега политиката, сѐ е „тамам“. Секој ден, нова милијарда!

Студентот (со сериозен тон):

– А бе, те молам, пренеси им у штаб нека се оградат од тие што пишуваат навреди за родителите што изгубија дете во Кочани. Кај мене у болницата имаше неколку на лекување. Сега се подобро, ама не е тоа за зезање и потценување. Родителите нивни се сè уште во шок. Треба да се осуди таков говор. Не може некој да ги нарекува “руља”, “глодари”, а ние да не се оградиме. Плус пратам на фб, и наши ботови навредуваат. Не сме забегале толку. Не можеш да најдеш оправдување за актуелните, со теза јас не сум од овде, нив од телевизија ги знам. Среќа опозициската борба е чудна некако.

Четвртиот другар (со сомнеж):

– Брат, не сме ние… ама го знаеш професорот, не ги даваме нашите, освен ПР-от ако не каже, и тоа бугарскиот од 400.000 евра.

Тишина… па некој подигнува чаша.

– Ајде, по една на здравје!

Во истиот момент, неколку телефони ѕвонат истовремено. Истата порака пристигнува. Домаќините се погледнуваат и скокаат.

Студентот (збунето):

– А бе, кај тргнавте?!

Тазе вработениот (со полунасмевка):

– Тоа е брат, мора да се организираме. Тешките муабети нѐ утепаа синоќа.

Студентот:

– А бе… и вие сте ботови?

Тазе вработениот:

– Тоа е, брат. Инаку, немаше да нè вработат…

„На здравје за молкот“


Текстот е личен став на Авторот
Next Post
Скриншот

Пронајдена втората црна кутија по падот на авионот на Ер Индија

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

Државниот завод за ревизија бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk