ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Предлогот на Владата за правична застапеност: Политичка форма без суштина

June 25, 2025 10:24
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата усвои Нацрт-закон за правична и соодветна застапеност, кој се очекува да биде доставен до Собранието за усвојување – oткако ќе се изјасни Венецијанската комисија.

Владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ ќе го испрати законот на разгледување во Венецијанската комисија пред да го поднесе во собраниска процедура.

Сепак, на овој закон од многу претставници на Албанците и експерти се гледа како слаб компромис, кој не гарантира реална и ефикасна примена на пропорционалната застапеност во јавната администрација.

Координациско тело: Структура без моќ

Во центарот на критиките се наоѓа Член 9 од нацрт-законот, кој предвидува формирање на „Координативно тело за следење на правичната и соодветна застапеност“. Иако ова тело има задача да го надгледува и промовира пропорционалното застапување, нема санкциски овластувања ниту авторитет да ги спречи дискриминаторските практики при вработување. Неговата структура вклучува претставници од министерства, агенции и академската заедница, но поради отсуството на правна моќ, ова тело е немоќно да влијае директно врз спроведувањето на законот.

Конкретен предлог: Три едноставни, но моќни членови

Како алтернатива на оваа пристап, експертите предлагаат поефикасен модел – префрлување на овластувањата кон Агенцијата за државни службеници, со конкретни мерки како:

  • Обврска секој акт за вработување во администрацијата да биде потпишан од директорот и заменик-директорот на Агенцијата;
  • Високи казни (околу 10.000 евра) за непочитување на законот;
  • Задолжителна контрола на конкурсите од страна на Агенцијата, со цел да се спречат повици кои не ја почитуваат пропорционалната застапеност на етничките заедници.

Според експертите и политичките претставници на Албанците, овој пристап би овозможила јасен и применлив правен механизам за гарантирање на еднаквост и застапеност во администрацијата, за разлика од неефективните и безавторитетни решенија предложени во актуелниот нацрт-закон.

Реакции на албанските политички партии

Партиите на Албанците, ДУИ и Алијансата за Албанците, остро реагираа на овој предлог. ДУИ го нарече законот „нула“ за албанската заедница и побара враќање на механизмот на балансерот, кој се смета за единствениот правно обврзувачки инструмент за гарантирање на еднаквост.

Од друга страна, Алијансата за Албанците на Арбен Таравари укажа на клучни недостатоци: отсуство на гаранција за етничка припадност, недостаток на обврзувачки механизми и санкции, како и формално тело без реална моќ, кое не го решава прашањето на балансерот.

Пратеникот Зијадин Села, нагласи дека предложениот закон е намерно избегнување, отстапување, тоа е гледна точка од страна на ВМРО – ДПМНЕ и не претставува вистинско уредување на уставните права за правична застапеност. Тој изјави дека овој закон во сегашна форма нема да помине и побара започнување на инклузивен и транспарентен процес со активно учество на претставниците на Албанците во изготвувањето на законот.

Потреба од реални и применливи правни механизми

Овој нацрт-закон повеќе личи на политички акт за избегнување на реална одговорност и за одржување на статус кво во администрацијата. Без силни обврзувачки механизми и санкции, правичната застапеност останува празна битка.

Што со мислењето од Венецијанската комисија?

Разгледувањето на нацрт-закон од страна на Венецијанската комисија обично трае од неколку месеци па и години, во зависност од комплексноста на прашањето и нивото на соработка со Владата на Христијан Мицкоски и ВЛЕН.

Кај закони како овој за правична и соодветна застапеност, кои се однесуваат на уставни права и се политички чувствителни, анализата може да трае 6 – 12месеци. За тоа време, Комисијата го анализира текстот, се консултира со експерти и засегнати страни и подготвува детално мислење. Во некои случаи, постапката може да се забрза или продолжи, во зависност од потребите и сложеноста.

А што ако Венецијанската комисија има забелешки? Дали тогаш владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН ќе го одложи усвојувањето на истиот закон уште една година?

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Алијанса за АлбанцитеВенецијанска комисијаВладаВЛЕНДУИправична застапеност

НАЈНОВО

Во Велика Британија украдена виолина стара околу 280 години

June 25, 2025

(ВИДЕО) Нова видеоигра „Титаник“, каде што треба да се избега од бродот

June 25, 2025

Измени на Законот за воздухопловство, предлог да се зголеми на шест години финансиската поддршка за нови авиолинии

June 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вучиќ фатен со рацете во медот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Трамп повторно ја одби понудата на Путин за помош со Иран: Ми треба помош со тебе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Предавство“ – Трамп, Хегсет и Виткоф за протекувањето на разузнавачки информации што ги поткопaа нападите врз иранските нуклеарни постројки, инсистирaат дека тие се „збришани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и тужбата против Џабир Дерала: Случај што го разгорува прашањето за слободата на медиумите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Туфегџиќ: Ослободителната одлука за Александар е законита, но празна, институциите не одговорија на суштинските прашања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk