ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тошковски: На 5 јули стартува системот за заедничка гранична контрола со Србија, а веќе функционира со Косово

June 25, 2025 14:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска најави дека на 5 јули се очекува официјално да биде пуштен во употреба системот „уан стоп шоп“ со Србија. Вчера помина завршната ратификација на договорот и во тек е фазата на тестирање на системот.

-Во рамки на вчерашниот ден помина завршната ратификација на договорот кој што претходно го потпишавме со мојот колега Ивица Дачиќ. Се надевам дека на 5-ти наредниот месец, ќе имаме официјално пуштање во функција на „уан стоп шоп“ систем со Србија, каде што со негова правилна употреба ќе дојдеме до многу побрз трансфер на граѓани и на таа граница. Ова е моментално најфрекфентниот граничен премин и ќе има олеснување од аспект на брзина на проток на луѓе, рече Тошковски за време на посетата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, одговорајќи на новинарско прашање.

Тој додаде дека ќе имплементираат систем каков што доликува во вистинската смисла на зборот. Системот „уан стоп шоп“ е веќе пуштен во функција со Косово.

-Едноставно кажано, ние го штитиме нашиот влез, а полициски службеници од Србија ќе го штитам влезот во Србија, со тоа што ќе ги разменуваме информациите многу брзо. Драго ми е што со мојот колега за внатрешни работи од Косово го пуштивме во функција „уан стоп шоп“ навистина како што треба да функционира на двата гранични премини кои што ги имаме со Косово, рече Тошковски.

Според Тошковски, се покажа дека ваквиот пристап кон решавање на проблемите за граѓаните е функционален, односно гужвите на граница кои што ги имало до пред месец дена, во Косово, веќе ги нема. Како што рече, многу побргу оди трансферот на нашите граѓани.

-Секој од државите си го штити својот влез. Притоа воспоставивме една комуникација преку дигитални алатки, која што е навистина на високо ниво, со што го намаливме времето потребно за проверки и системот функционира така како што очекувавме. Успеавме да имплементираме современ граничен пристап и гранична контрола, додаде министерот.

Тој најави дека следната држава со која ќе воведеме „уан стоп шоп“ е Република Албанија.

-Интензивно работиме и со полициските службеници од Албанија, на два гранични премини кои ги имаме со Албанија и се планира да се имплементира ваков паметен систем, со тоа што се надевам дека до крајот на летниот период ќе почнеме со тест фаза. Овде ќе зависи многу и формалното усвојување на акти во рамки на македонското Собрание и албанското Собрание и се надевам дека најбрзо што може би го ставиле во функција и со Албанија. Со ова би ги заокружиле трите наши соседи кои не се дел од ЕУ, со ваков еден ваков паметен и побрз систем со контрола на нашите граници, рече Тошковски.

Tags: заедничка гранична контролаСрбијаТошковски
Next Post

„Предавство“ – Трамп, Хегсет и Виткоф за протекувањето на разузнавачки информации што ги поткопaа нападите врз иранските нуклеарни постројки, инсистирaат дека тие се „збришани“

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk