ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вучиќ пред утрешниот протест ги одби барањата на студентите: Не прифаќаме ултиматум

June 27, 2025 20:26
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пред утрешните протести, на кои повикаа студентите во блокада, изјави дека „Србија не го прифаќа ултиматумот“.

„Српската држава многупати се соочуваше со ултиматуми од странски големи сили. И овојпат, странските сили ни испратија ултиматум преку домашни послушници. Одговорот на српската држава беше секогаш ист… Ултиматумот не е прифатен, не мора да чекате до 21 часот утре“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека властите биле подговтвени да разговараат со сите, но тоа било протолкувано како слабост.

Вучиќ ги повика „сите млади луѓе да ја спасат Србија“, и додаде дека е добро што утре е Видовден бидејќи „тогаш се ќе се види“.

Пред протестот закажан во Белград за 28 јуни, кој го свикаа студентите, со две барања – властите да распишат вонредни парламентарни избори до 21:00 часот в сабота,

Второто барање е да се запре собирот во центарот на Белград – каде што противниците на блокадите, кои се нарекуваат себеси „студенти кои сакаат да учат“, кампуваат во изминатите три месеци. Тие истакнаа дека, доколку тие барања не бидат исполнети до 28 јуни во 21 часот, очекуваат „дека граѓаните ќе бидат подготвени да ги преземат сите постоечки мерки на граѓанска непослушност“.

Студентите во блокадата истакнуваат дека со своите досегашни постапки покажале дека се против секаков вид насилство.

Властите тврдат дека ќе спречат какво било насилство на митингот.

Во изминатите два дена беа приведени лица кои се осомничени за наводно планирање насилства (седуммина од кои петмина во притвор и двајца во домашен притвор).

Компанијата „Србијавоз“ попладнево ги откажа сите поаѓања на патнички, откако добиле дојава за „поставени експлозивни направи“.

По студентите и активистите од Србија, денеска беше приведен и црногорскиот режисер Данило Маруновиќ, и по информативниот разговор во Безбедносно-информативната агенција (БИА), му беше наредено да ја напушти земјата. Вечерва Црногорскиот народен театар треба да изведе претставата „Господа Глембаеви“, чија режија е на Маруновиќ. Објавија дека – „Вечерва играме за слобода на мислата, слобода на говорот, слобода на играта.

Групата луѓе кои се нарекуваат себеси „студенти кои сакаат да учат“ ќе организираат литературна вечер во Пионирски парк истиот ден, на која меѓу другите, ќе учествува и Драгослав Бокан, избран пред неколку денови за претседател на Управниот одбор на Народниот театар во Белград и основач на паравоената формација „Бели орли“ од војните во 90-те години, јавија белградски медиуми.

Tags: ВучиќпротестиСрбија
Next Post

Трамп објави дека ги прекинува сите трговски преговори со Канада, се закани со нови царини

НАЈНОВО

Собранието закажа итна седница за измени на Изборниот законик, иако изборите се веќе распишани

August 15, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Јулија Навалнаја до Путин: Ослободете ги сите политички затвореници

August 15, 2025

ЗНМ: Недостигот на правила за платена политичка реклама во онлајн медиумите создава корупциски ризици

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk