ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Јакимовски: Вистината е на наша страна, Борко Ристовски има проблем и со Советот на Општината и со карпошани

July 12, 2025 15:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Стевчо Јакимовски

Стевчо Јакимовски

Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на општина Карпош денеска уште еднаш го повика министерот за спорт Борко Ристовски да се откаже од намерата каубојски да ја одзема салата Наум Наумовски Борче и му порача дека во спротивно нема да има проблем само со него, туку и со советот и со карпошани.

– Очигледно министерот за спорт не се откажува од својата каубојска намера и продолжува со своите небулозни изјави. Една од небулозите е дека сум немал проекти и сум се плашел од избори. Да кажете дека Стевче Јакимовски нема проекти е исто како да кажете дека Новак Ѓоковиќ не знае да игра тенис. Веројатно бил многу зафатен со ракометот, па не ја прател многу политиката, па да го потсетам дека победувам четири пати на избори и четири пати ја победувам неговата партија со проекти, а не како нив со користење на четирите свети букви. Јас сум најнаградуваниот градоначалник во Југоисточна Европа. Имам четири меѓународни награди, јас прв го исчистив кејот на Вардар, прв го осветлив и го поплочив кејот за да може и ноќе да се шета и заедно со колегата Андреј Петров ја направивме велосипедската патека. Јас прв ги осветлив спортските терени и игралиштата во училиштата за да може и навечер да се игра, јас прв воведов училишни лиги во фудбал, кошарка, одбојка, пинг-понг, ракомет и тн… Јас сум прв што давам стипендии за талентирани ученици и спортисти, прв воведов субвенции за лифтови и покриви, рече градоначалникот Јакимовски одговарајќи на прозивките на министерот кому директно му го постави следното прашање:

„Ќе ни кажеш ли ти колку проекти си направил откако си министер веќе една година? Која новина ти ја воведе во раководењето со министерството? Што направи ти, освен каубојскиот однос што го покажуваш кон општина Карпош?“, а потоа му се обрати со следните зборви:

– Господине Ристовски, ти немаш проблем со мене, имаш проблем со граѓаните, имаш проблем со Советот на општина Карпош, имаш проблем со своите лаги, со аргументите и фактите кои што се на наша страна. Во името на граѓаните на општина Карпош уште еднаш ве повикувам не го спуштајте нивото на комуникација и мислам дека не е добро за граѓаните на Карпош да се служиме со лаги. А вие се служите со лаги. Ја изманипулиравте владата знаеш како што вие служите. Одговорни луѓе кои водат министерства, кои ја водат државата, иако биле класични единичари, иако биле двојкаши, денеска се возрасни луѓе и мораат да се однесуваат совесно и одговорно. И пред се да не кажуваат лаги. Ја изманипулиравте владата за да донесе одлука за одземање на салата, а истата е пуштена во употреба и функционира. Јасно сакам да ви кажам проблемот не ви е само кај мене, проблемот ви е и со граѓаните и со Советот и нема така лесно да видозволиме да правите што сакате со овој објект и политиката од вашите кабинети да ја пренесувате врз спортската сала каде што треба младите да рекреираат и да го валкате името на народниот херој Наум Наумовски Борче, му порача Јакимовски на министерот Ристовски.

Next Post

Генералниот секретар на СРС, Капетановиќ, се сретна со заменик генералната секретарка на НАТО, Шекеринска

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk