ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Скопје бара лидерство: СДСМ со визија, ВМРО со калкулации

July 16, 2025 12:35
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДЕСТАН ЈОНУЗИ

Со приближувањето на локалните избори, партиските штабови го кристализираат својот пристап во битката за клучните градови. Најголемата политичка битка се очекува да се води во главниот град – Скопје, каде Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) влегува со јасна стратегија и со фокус на квалитет и интегритет, додека ВМРО-ДПМНЕ повторно се потпира на партиски комбинации и договарања зад затворени врати.

Како најизвесни кандидати на СДСМ за градоначалничката функција во Скопје, како што посочи лидерот на СДСМ Венко Филипче, се наметнуваат поранешната министерка за животна средина, Каја Шукова и професорот Мишко Ралев. За разлика од досегашните практики на политичко клиентелизам, кандидатурите на Шукова и Ралев испраќаат порака за одговорност, отчетност и нов политички стил што ги надминува старите поделби. Во време кога скопјани се разочарани од неефикасната администрација и застојот на капитални проекти, и Шукова и Ралев претставуваат разумен и умерен избор кој обединува, наместо да поларизира.

СДСМ веќе демонстрира нова политичка култура – наместо бројки и калкулации, лидерот Венко Филипче зборува за вредности, капацитет и доверба. Тоа е важен сигнал до граѓаните дека партијата е фокусирана на суштината, а не на козметички победи.

За разлика од пристапот на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ влегува во локалната изборна кампања со постојано менување на тактиките, несигурност во кандидатските решенија и очигледно ослонување на меѓупартиски пазарења. Кандидатурата на Орце Ѓорѓиевски, кој и самиот беше дел од постојаните политички конфликти и недоволна реализација во Кисела Вода, тешко може да се претстави како визионерско решение за метрополата.

Дополнително, најавените договори со ЗНАМ и ВРЕДИ за заемна поддршка го откриваат главниот проблем на ВМРО-ДПМНЕ – наместо сопствени квалитетни кандидати, партијата се потпира на туѓи имиња, што е индикатор за слабост, а не за сила. Сѐ уште е нејасно и кој ќе ја преземе кандидатурата за Кисела Вода, каде наводно се споменува пратеничката Бети Стаменковска – име кое нема сериозно политичко тежиште или конкретни резултати зад себе.

Освен за Скопје, СДСМ покажува континуитет и стабилност и во другите општини. Во Центар, актуелниот градоначалник Горан Герасимовски влегува во трката со јасна поддршка и отчетна работа зад себе, додека во Валандово, Перо Костадиновски ќе бара доверба за трет мандат – што зборува за долгорочна доверба од локалното население.

Во Кисела Вода, СДСМ размислува за сериозен кандидат во ликот на Горан Трајковски, поранешен директор на Пазарниот инспекторат, човек со административно искуство и способност за справување со урбани предизвици.

СДСМ веќе најави отсуство на кандидати во повеќето општини со доминантно албанско население, како дел од стратегијата за градење мостови и доверба, додека ВМРО-ДПМНЕ уште тактизира и пазарува за гласови со ВРЕДИ и ЗНАМ. Лидерот на СДСМ веќе стапил во контакт со лидерите на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, а одлуките ќе се носат во втор круг, без притисоци и уцени. Тоа е одлика на сериозна партија што знае кога да повлече, а кога да настапи со сила.

Во пресрет на изборите, станува сѐ појасно дека СДСМ се води од принципот на квалитетни кадри и транспарентна стратегија. Наспроти тоа, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажува дека се потпира на стари навики – договори зад кулисите, кандидати без кредибилитет и тактички пазарења кои на граѓаните не им носат решенија, туку само поделби.

Скопје и останатите градови заслужуваат чесно раководство, модерна визија и институционална стабилност. Од таа перспектива, кандидатите на СДСМ сѐ повеќе се наметнуваат како вистинска и посакувана алтернатива за граѓаните.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВМРО-ДПМНЕЛокални избори 2025СДСМСкопје
Next Post
Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Нашиот сончев систем има нов мистериозен посетител - Што знаеме за кометата 3I/ATLAS?

НАЈНОВО

Фото, Генерирано со ВИ

Продолжува падот на инфлацијата и обновата на куповната моќ на домаќинствата во ЕУ

October 18, 2025
Нуклеарна централа  Bushehr, Иран. Фото: Иранско претседателство/ZUMA/

Техеран ги укина сите ограничувања: Истече меѓународниот договор за нуклеарната програма на Иран

October 18, 2025
Фото: МИА

Денеска гласаат 2.162 затвореници, 8.851 болни и немоќни и 442 возрасни лицата во старските домови

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk