ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шукова: Скопје мора да се врати на скопјани – ова не е само кампања, ова е враќање на духот на градот

July 19, 2025 15:47
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Потпретседателката на СДСМ и актуелен кандидат за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, денеска и официјално ја објави својата кандидатура, истакнувајќи дека влегува во трката со чувство на чест, но и голема одговорност.

„Денес стојам пред вас со силно чувство на чест, но и голема одговорност. Ви благодарам на сите кои изминатите денови ми дадовте доверба и поддршка да бидам кандидат за градоначалничка на градот во кој сум родена, порасната, каде го формирав своето семејство и кој го сакам со сето срце,“ изјави Шукова, нагласувајќи: „Се кандидирам да бидам градоначалничка на сите скопјани. Независно дали сте поддржувачи на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ, на некоја трета партија или на ниту една, за мене сите граѓани се еднакво важни.“

„Скопје е украден град – не смееме тоа да го дозволиме повторно“

Шукова упати силна критика до досегашната локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, велејќи дека во изминатите четири години градот бил доведен до „историско дно“:

„Четири години со ВМРО-ДПМНЕ видовме што значи безредие, неодговорност и непочитување на граѓаните. Што значи политички инает на сметка на здравјето на граѓаните, бизнис интереси на сметка на развојот на градот, власт која е подготвена да го уништи градот само за сопствен политички интерес.“

Таа додаде дека Скопје денес изгледа „како украден град, ставен во заложништво“, со разурната инфраструктура и без основна функционалност.

Пристап без лажни ветувања

Шукова најави дека нејзината кампања нема да биде заснована на „шарени програми“ и „мега проекти“, туку на конкретни, остварливи решенија:

„Скопјани бараат уредено, културно, чисто Скопје. Бараат градоначалник со јасна визија и конкретен план. Без чуда, без лажни мега проекти и шарени програми на стотици страници.“

Клучните приоритети

Меѓу клучните приоритети кои Шукова ги наведе се:

  • Чистење на градот и воспоставување на функционални претпријатија за управување со отпадот;

  • Чист воздух и здрава средина, како области во кои има лично искуство и експертиза;

  • Обнова на јавниот превоз за град достапен и функционален за сите;

  • Запирање на урбанистичкиот хаос и враќање на контрола на граѓаните врз урбанизмот;

  • Ревитализација на постојната инфраструктура и дигитализација на услугите;

  • Враќање на културата и урбаниот дух на Скопје;

  • Обнова на безбедноста на улиците – „секој ден и секој чекор мора да биде безбеден и удобен“.

„Најлесно е да им се поклониш на моќните, а тешко е да им служиш на сите. Јас го бирам тоа што е тешко, ама исправно,“ рече Шукова.

Град за луѓето, не за интересите

Шукова истакна дека веќе се работи на програмата и дека тоа нема да биде затворен документ, туку отворен процес кој ќе ги вклучи граѓаните и стручната јавност:

„Ги повикувам да ни се приклучат најдобрите, најмотивираните луѓе кои искрено го сакаат градот. Скопје има врвни професионалци во сите области, токму тие ќе бидат столбот за враќање на сјајот на градот.“

Таа ја заврши прес-конференцијата со порака дека акцијата веќе започнала:

„Скопје не смее да чека. И јас нема да чекам. Ова не е само кампања – ова ќе биде заедничко враќање на Скопје на граѓаните.“

Tags: градоначалникКаја ШуковаСкопје
Next Post
Фото: МИА

Ер трактори ќе го гаснат пожарот помеѓу Желино и Еребино, затворен за сообраќај регионалниот пат Тетово - Скопје

Shortcut

Најново

Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk