ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Скопје – од визионерски урбан план до град без идеја за себе

„Наместо визија, добивме наметливо, игнорантско и лажно демократско битисување, полн со корупција“ – Конески за Фронтлајн.

July 30, 2025 11:36
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од некогашниот град со најфутуристичка визија во поранешна Југославија, Скопје денес се претвори во „најзагубениот главен град без идеја за себе во регионот и Европа“, изјави за Фронтлајн, М-р Филип Конески, дипл. инж. Арх и основач на порталот за македонска архитектура МАРХ.

„Како да се случила масовна амнезија на целото знаење од искуствата на постземјотресно Скопје, како да се доселиле други луѓе кои не знаат во кој правец движат,“ вели Конески.

Со визијата за целосна реконструкција по земјотресот во 1963 година, Скопје жртвуваше голем дел од своето градителско наследство. Но клучните елементи како Градската Порта, Републичкиот Плоштад и Културниот Центар никогаш не беа реализирани.

„Со парцијалната реализација, Скопје изгледаше збунето на почетокот на 90-тите, но сè уште постоеше потенцијалот за довршување на сликата на Танге,“ вели Конески.

Во последниве 20 години, наместо визија, градот се претвори во мозаик на приватни интервенции и парцијални решенија.

Филип Конески

Од „Скопје 2014“ до фавелизација

Конески го опишува проектот „Скопје 2014“ како „наметливо, игнорантско и лажно демократско битисување, полн со корупција и тоталитаризам“, кое целосно го загуби големиот потенцијал на градот.

Во меѓувреме, надвор од центарот започна процес на фавелизација – индивидуални интервенции врз колективни станбени објекти, кои го уништија амбиенталниот изглед на скопските маала.

„Небаре сме во најсиромашните делови на Индија или некоја бразилска фавела,“ предупредува Конески.

Време за итна промена

„Одамна влеговме во маѓепсаниот круг на безидејност, од кој мора да излеземе веднаш,“ потенцира Конески во изјавата за Фронтлајн.

Тој предлага распишување на нов меѓународен архитектонско-урбанистички конкурс за визија на Скопје за следните најмалку 20 години, поништување на тековната изработка на ГУП-от и итна промена на легислативата и надлежноста за урбанизмот.

И покрај сите удари и пропусти, Скопје сè уште има шанса, вели Конески, но само ако се делува со визија и стратегија: Заштита и евалуација на градителското наследство; Проектирање на големи зелени површини; Нов концепт за јавен превоз за најмалку милион жители; Соодветно управување со Водно, реките и јавната хигиена; Поддршка за културата и одржлив сообраќај;Отворени конкурси и идејни решенија пред да се бараат инвеститори.

„Време е Скопје да ја понесе одговорноста на главен град и метропола – преку широки дебати, натпревари на идеи и вклучување на сите чинители од засегнатите професии,“ заклучува Конески.

Роберт Алаѓозовски

По европската титула, Скопје тоне во културна анемичност

Од друга страна поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски, во изјава за Фронтлајн, остро ја критикува актуелната културна политика на Градот Скопје и Министерството за култура, посочувајќи дека по освоената титула „Скопје – европска престолнина на културата 2023“, градот западнал во „целосна анемичност“.

„Во време на Петре Шилегов, во 2021 Градот донесе десетгодишна стратегија за развој на културата. Врз база на неа се спроведе идејата за Скопје европска престолнина, титула што се освои во 2023. За жал, од тогаш Градот покажува целосна анемичност во културата“, вели Алаѓозовски.

Според него, Градот не само што доцни со носењето на годишната програма за култура, туку понекогаш таа и целосно изостанува.

„Културните институции тонат во долгови. Освен бегло спомнување на СК 2028, немаме никаква активност ниту транспарентност во тој поглед“, предупредува Алаѓозовски.

Тој упатува и критики кон Министерството за култура, за кое вели дека е ставено во функција на партиски интереси пред избори.

„Министерството за култура, во функција на злоупотреба на ресурсите за локалните избори, ветува некакви мултифункционални центри…“

Ситуацијата, како што сликовито ја опишува Алаѓозовски, најдобро се доловува со познатата фраза на Борис Буден: „Ј*бе луд збуњеног…“

Иако Скопје успеа да се закити со титули и стратегии, суштината остана недоречена: градот и институциите потфрлија во спроведувањето на вистински културни политики и континуирана поддршка на културата.

Наместо долгорочна визија, гледаме импровизации и ад-хок ветувања пред избори. Локалните избори во 2025 се шанса граѓаните да побараат конкретни програми, транспарентност и одговорност.

Дестан Јонузи

Tags: Локални избори 2025Роберт АлаѓозовскиСкопјеФилип Конески
Next Post

МФ: „Стандард и пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјата, економскиот раст останува приоритет

Shortcut

Најново

Филипче предлага конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

September 14, 2026

„Кога не би бил институција, знам како се решава ова“: Мицкоски очекува судовите да постапат за заканите упатени кон него

September 14, 2026

СДСМ бара истрага од Обвинителството: Каде завршија 5,5 милиони евра од лотаријата за прославата со Дејвид Гета?

September 14, 2026

Војна на бројките – власта брои успеси, опозицијата брои лаги, земјата тоне

September 14, 2026

(ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

September 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk