ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЦМДТ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

August 7, 2025 15:34
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

Македонски портал А1он, доследен на својата долгогодишна посветеност на пропагандните наративи на Кремљ и нивниот пласман на интернет конзументите во земјава, секојдневно се труди да се докаже како перјаница на руската пропаганда и проруските наративи во земјава. Во таа своја мисија, тој е во трка дури и со докажаните медиумски  репрезенти на српско-руската пропаганда од соседна Србија. Дополнително, Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на дезинформациите (ЦМДТ) забележува зголемено присуство на текстови со руски пропагандни наративи на овој портал како што наближуваат локалните избори.

Во конкретните случаи кои ги анализираме во продолжение, А1он се потрудиле да ги претркаат и нив, станувајќи поголем спутник од оригиналниот истоимен руски медиум (инаку забранет за пренесување во ЕУ и кај нас), во земјава, но и во регионов.

Така, А1он ќе објави текст со наслов „Украинците бегаат“, во кој ја пренесува сторијата на (исто така забранет за реемитување) водечкиот руски пропаганден државен медиум РашаТудеј (РТ) со наслов „Речиси 400.000 луѓе ја напуштиле украинската армија“ каде се цитира извесна украинска пратеничка Ана Скороход која тврди дека речиси 400.000 украински војници ги напуштија своите единици без дозвола, а многумина немаат планови да се вратат поради ужасниот третман од страна на нивните претпоставени.

Резултатите од пребарувањето на интернет покажува дека освен А1он, пропагандниот текст на руската РТ го пренел само српскиот портал Нулта Тачка.

За релевантноста на она што го кажува украинската пратеничка Ана Костјантиновна Скороход, може да пресудите според нејзината биографија, според кој таа е украинска политичарка која моментално е народен пратеник на Украина, претставувајќи го 93-от изборен округ на Украина од 2019 година, избрана како член на Слугата на народот, таа беше исклучена од партијата во ноември 2019 година откако тврдеше дека владата го уапсила нејзиниот сопруг поради нејзиното одбивање да ја поддржи либерализацијата на пазарот во земјата. Таа моментално е член на „За иднината“ – политичка партија во Украина директно поддржана од олигархот Игор Коломојски, кој во 1992 година беше ко-основач на „ПриватБанк“ и нејзината неформална група компании, „Приват Груп“. Потоа стекна обемни медиумски удели. Од 2014 до 2016 година, Коломојски беше гувернер на Днипропетровската област сè до неговото разрешување од страна на претседателот Петро Порошенко. Таа година, неговата недоволно капитализирана банка беше прогласена за закана за финансиската безбедност на Украина и беше преземена во државна сопственост. Во 2019 година, медиумската моќ и финансирањето на Коломојски ја поддржаа успешната претседателска кампања на Володимир Зеленски за соборување на Порошенко. Во 2020 година, тој беше обвинет во САД по обвиненија поврзани со банкарски измами од големи размери. Во 2021 година, САД им забранија на Коломојски и неговото семејство да влезат во земјата, обвинувајќи го за корупција и закана за довербата на украинската јавност во демократските институции. Зеленски, наводно, му го одзел украинското државјанство на Коломојски во 2022 година. Подоцна истата година, средствата на Коломојски кои се сметаа за стратешка вредност за државата во светлината на руската инвазија беа национализирани. Меѓу нив беа и најголемите компании за бензин во Украина. Во 2023 година, Коломојски беше уапсен од Службата за безбедност на Украина (SBU) по обвинение за перење пари и измама и беше ставен во притвор пред судење.

Во текстот со наслов ВИДЕО: Протести во Украина против насилната мобилизација, верниот спутник на Москва во Македонија пренесува уште една манипулација на со претставување на содржина од извори со сомнителна релевантност, на кој им се придодаваат преувеличени полу вистинити (дез)информации, како: Илјадници граѓани излегоа на улиците на неколку украински градови во знак на протест против, како што го нарекуваат, „принудниот и насилен начин на мобилизација“ што го спроведуваат властите во контекст на продолжениот конфликт со Русија“.

Дури и во видеата кои се користат, од извори со сомнителна релевантност, како Јутјуб каналот на руски пропагандист Европа для украинцев, американската APT , Х налозите Tesla dog, Realpolitik_ru, меѓу кои и профилот на украинскиот пратеник Олександр Дубински, кој од новинар стана пратеник чија политичка кариера е нарушена од низа обвинувања и обвинувања за корупција, меѓу кои и во јануари 2021 година, Дубински, заедно со уште шест други украински државјани, беше погоден со санкции од САД за ширење дезинформации насочени кон влијание врз претседателските избори во САД во 2020 година, а Дубински беше обвинет дека е дел од мрежа за дезинформации поврзана со Русија. Јутјуб на руски пропагандисти како Европа для украинцев, се гледа дека на протестот има едвај околу 50 мина присутни, и тоа само во градот Виницја, од другите наведени градови нема никакви материјали.

Како последно, пустата желба на Москва и нејзините сателити за заминување на украинскиот претседател Володимир Зеленски од функцијата, нешто што и самиот Путин го има побарано неколку пати. Овој пат, А1он во текстот Медиуми: Зеленски се подготвува да си замине од функцијата, објавува наратив дека во украинскиот главен град, сè повеќе се зборува за неизбежното заминување на Володимир Зеленски од функцијата, а многу граѓани веруваат дека неговата оставка е прашање на денови, повикувајќи се на  медиумите блиски до украинската опозиција, понатаму тврдат дека атмосферата во Киев станува сè по тензична, а хаосот и безнадежноста владеат на улиците. Секако, нема именување, ниту линкови до „медиумите блиски на опозицијата“ кои ги спомнуваат.

Доколку пребарате на интернет, нема  да најдете текстови со ваква содржина, барем не од релевантни светски демократски медиуми. Единствено се појавуваат текстови и видеа од февруари 2025 година, кога Зеленски понуди да си замине од функцијата ако тоа може да придонесе како замена за мир.

Дополнително, во текстот се навраќаат на „неодамнешните немири во Виница, каде што луѓето упаднаа на локалниот стадион во знак на протест против присилната мобилизација“ демантирајќи ги сопствените наводи од претходен текст каде тврдат дека „илјадници граѓани излегоа на улиците на неколку украински градови во знак на протест против, како што го нарекуваат, „принудниот и насилен начин на мобилизација“ .

И секако, како јагода на шлагот, на крајот од текстот изнесуваат констатација со која се пренесува лажна слика за Украина и Кијив, напишана како по прирачник од Кремљ за насоките како руската пропаганда и нејзините извршители да дејствуваат за оцрнување на противникот.

„Сликата на Киев денес е мрачна – улиците се полни со агресивни луѓе, ментално болни и осакатени, а контролните пунктови и вооружените патроли ја зголемуваат несигурноста. Метрото, се вели, станало засолниште за бездомниците. Со сè почестите протести и растечкото незадоволство, иднината на Зеленски и сегашната влада во Украина останува под голем знак прашалник“.

Доколку се прошетаат низ Кијив., ќе видат една сосема поинаква слика на Украинците кои достоинствено се носат со војната, и во такви услови не заборавиле на демократските вредности, како што е правото на протест, додека метрото се користи како засолниште од руските ракетни напади врз украинските градови со цел убивање на цивили.

Преземено: Цивил Медиа


Во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на дезинформациите (ЦМДТ)

Tags: влијание на изборимакедонски про-руски медиумимониторингруска пропаганда и дезинформации
Next Post

Цените на лешниците во Турција се зголемуваат за над 50 проценти годишно поради намалување на приносот

[adrotate banner=”27″]

[adrotate banner=”28″]

НАЈНОВО

Влада: Од 15 август намалување на училишниот прибор од најмалку 10 и 15 проценти

August 7, 2025

ДИК донесе упатство за избор на нови избирачки одбори за претстојните локални избори

August 7, 2025

Воените ветерани протестираат денес во Приштина, против Специјалниот суд во одбрана на војната на ОВК

August 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Петрит Сарачини

    Сарачини: Политичарите „оглувуваат“ кога се зборува за национал-шовинизмот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава за Кавадарчанец – си го убил братот и го закопал во дворот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Независноста се покажа потешка и попонижувачка од ропството!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја корисниците од неколку улици во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лукровски: Планираме проект со кој би го разиграле кејот на Вардар, со локали и спортски терени за рекреација на младите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk