За време на протестот во Кочани, организиран од семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, дошло до инцидент кога возило им го пресекло патот на демонстрантите, и тоа и покрај полициското присуство, јавува Радио Канал 77.
Како реакција, семејствата целосно ја блокирале крстосницата во близина на полициската станица во градот. Тие побарале од Министерството за внатрешни работи да го идентификува и санкционира возачот кој го предизвикал инцидентот.
Протестите на родителите продолжуваат како дел од „Маршот на ангелите“, со целосна решеност да се обезбеди правда за нивните деца.
Ј. Ѓ.