Кандидатот на ДУИ и Коалицијата Национална алијанса за интеграција за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, најави голем чекор во областа на урбаниот развој на општината: соработка со мексиканскиот архитект со меѓународна слава, Мишел Ројкинд.
Истовремено, кандидатот на ВЛЕН за Чаир, Изет Меџити, потврди дека во овој процес ќе биде вклучен и познатиот архитект од Турција, Бајрам Вардар, со албанско потекло од Скопје, кој имал клучна улога во урбаната трансформација на Истанбул и Бурса.
Мишел Ројкинд е едно од најважните имиња на современата архитектура и основач на студиото „Rojkind Arquitectos“ во Мексико, кое се вбројува меѓу најиновативните во светот. Тој е познат по проектите кои ја спојуваат архитектурата со социјалната, културната и хуманата димензија, гледајќи ја просторот не само како физичка градба, туку како место за заедничко поврзување.
Весникот Forbes го оценил како еден од највлијателните архитекти на неговата генерација. Во неговото портфолио се вбројуваат иконични проекти како „Nestlé Chocolate Museum“, „Cineteca Nacional Siglo XXI“ и „Mercado Roma“ во Мексико. Ројкинд бил гостин-предавач на престижни универзитети како Харвард, Универзитетот во Пенсилванија и Универзитетот Аалто во Финска.
Според Османи, тој ќе помогне во изработката на модерен визионерски план за Чаир, со акцент на јавните простори, зеленилото и социјалната инклузија.
Кој е Бајрам Вардар?
Бајрам Вардар е еден од најпознатите архитекти во Турција, роден во Скопје и преселен уште како дете во Истанбул. Тој ја извршувал функцијата главен архитект на градот Бурса, каде што водел големи урбани трансформации, комбинирајќи го историското наследство со современиот развој.
Вардар бил дел од најтесниот тим на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во периодот кога тој бил градоначалник на Истанбул. Неговото искуство е тесно поврзано со управување на урбанизацијата во големи градови, каде што предизвиците со населението, транспортот и заштитата на јавните простори се слични со оние во Чаир.
„Слично како во Истанбул или Бурса, предизвиците се слични и овде во Чаир. Бевме и во Барселона, и тој град помина низ процес на реновирање. Ние ќе го изработиме Мастер планот за Чаир, заедно со граѓаните, а потоа ќе го подготвиме и планот за имплементација. Подоцна ќе ги развиеме и столбовите на овој Мастер план,“ – изјави Вардар.
Со вклучувањето на Ројкинд и Вардар, процесот на урбаната трансформација на Чаир се гледа како историски чекор.
Дестан Јонузи